За сите кои ја одминале или ќе ја одминат „заразата” наречена Twitter. Со цел да не го сторат тоа туку да се приклучат на малата, но активна, локална заедница
Continue readingPosts tagged ??????????
Развој на локалните статии на Википедија
Овој, пролетен семестар на Њујорк Универзитетот ги одржувам предавањата по предметот Вовед во нови медиуми. Првата задача за студентите беше да помогнат во развојот на локалните статии на Википедија.
Им ветив дека ќе ги промовирам нивните активности и дека ќе замолам повеќе луѓе да се вклучат во дефинирањето и опшувањето на некои термини од соодвенава област.
Епа, баш затоа го пишувам постов. Тие веќе се активни таму, а ти можеш со или без регистрирана сметка да се приклучиш.
Сега за сега, термините на кои тие беа активни се:
- RSS
- Интернет маркетинг
- Масивни (или масовни) игри за повеќе играчи играни во прво лице
- Интернет форум
- Социјално означување
- Социјални медиуми
- Социјално вмрежување
Наскоро ќе има уште, но секако не треба да се заборават и другите веќе постоечки написи од категоријата Интернет.
Сите се на Facebook, или не?
Колку Македонци има на Facebook? А Срби? А Бугари? А Хрвати? Добро де, малку сатистика за бројот на корсници од регионов.
Continue reading