Во својот нов краток филм за ТВ новинарството Адам Кертис опишува неколку фази од еволуцијата на тв новинарите.
Continue readingPosts tagged ??????? ???????
Со Axe апликација, до повеќе девојки на Facebook
Вирална кампања на AXE која ги користи статус пораките на Facebook кои известуваат за статусот во кој се наоѓа љубовната врска на корисниците.
Continue readingSocial TV?
Читајќи го постот TV becomes social again некаде при крајот ми текна да се запрашам, да прашам: кога twitter ќе почне да се користи во контактни емисии на ТВ?
Знам, сервисот не е подржан од нашиве мобилни оператори, сеуште, ама популарноста на контактните емисии на ТВ и на радио е на завидно ниво, па оттаму може би дошло како згоден експеримент да се испроба можноста за употреба на овој канал како уште едно дополнително поле каде би се пренела дискусијата.
Убеден сум дека ќе биде подобро место за отворена дискусија од долниот дел од екранот на јади бурек, нели ако нив тоа воопшто им е цел, отворена дискусија.
Како и да е. Авторот на постот спомнат горе го заклучил следново:
Twitter plus TV = informed viewing.
А јас, иако без лично искуство, се сложувам со тоа 😉
Дополнување: Ја отворив темава на OnlineJournalismBlog групата. И од таму дознав дека во Холандија има некои примери на коритење на twitter за време на тв емисии, но од истиот човек, Wilbert, дојде уште една одлична забелешка/идеа.
Twitter како канал за дискусија и коментирање во живо на фудбалски натпревар, а нели за една недела почнува Европско. Може да се испроба ова. Ќе подразмислам малку за имплементација, ако има некој заинтересиран да помогне, бујрум.