Која е причината што Македонија е тежок корисник на Google Analytics? Дали компаниите се доволно едуцирани за другите начини на следење на своите активности и анализа на истите?
Continue readingPosts tagged virtual identity managers
Се бара чистачка на меилови!
Дали е можно еден убав ден во некаков-си Огласник Х да налетате на ваков оглас:
„Се бара чистачка на маилови, со работно искуство од најмалку 2 години, да може да брише до 20-30 маилови во минута, откако ќе ги провери соодветно, да се грижи за одржување на личниот Facebook, High 5, MySpace и слично на газдата, да качува семејни слики на Flicker, и други задолженија по потреба“…Или нешто од овој тип „Барам контакти на LinkedIn, цена поволна!“.
Ако се случи ова, тогаш следните чекори се повеќе од предвидливи: чистачките ќе се прeименуваат во дигитални хигиеничарки, здружението на дигиталните хигиеничари ќе бара покачување на минималната плата, партиите ќе преговараат со нив и ќе им ветуваат дека ќе им го подобрат стандардот ветувајќи им нови мауси од Јапонија и потпирачи од Кина, и така редум.
И тогаш на некој холивудски гик ќе му текне да направи римеjк на класикот „Maid in Manhattan“ со Џеј Ло овој пат со наслов „Virtual identity manager from Manhattan“.
Во поконвенционална смисла линк до текстот на Џејмс Харкин (James Harkin) одGuardian „The Shape of things to Come“.