Не знам точно дали има некоја, микро, конкретна причина, но периодов, на глобално ниво се случија две, навидум мали но доста важни промени кога станува збор за традиционалните медиуми на Интернет.
Continue readingPosts tagged Web Metrics comparison
Сервиси за веб статистика – споредба
Во многу различни погледи сопствениците на блогови и сајтови се чувствуваат среќни дека користат некој сервис за шпиунирање т.е. за броење на посетите де.
Кога еднаш ќе се искусат благодетите на некој ваков сервис, незамисливо е да се продолжи без него. Како на нитуеден друг медиум, на интернет најефтино, најдиректно и релативно прецизно може да си ја запознае човек своајта публика.
GoogleAnalytics го раздрма пазарот пред некое време, и сеуште трча напред пред конкуренцијата, но тој не е единствениот кој собира голем број на податоци кои ги оставаат посетителите на еден сајт. Јас лично од порано го користам StatCounter и сум сосема задоволен, иако знам дека GoogleAnalytics има некои подобро спакувани опции.
Откривањето на бројот на редовни посетители, времето на задржување, земјата или сајтот од каде доаѓаат посетителите на еден сајт како и ред други податоци може да помогнат многу во оптимизацијата, избор на содржината, уредувачката политика и сл. на еден сајт.
Пред некој ден налетав на една табела во која рамо до рамо се поставени неколку од најпопуларните вакви сервиси. Табелава ја најдов како промоција на сервисот PerformancingMetrics кој го нуди компанијата Performancing. Баш затоа мора да се разгледува со претпазливост бидејќи таа вели дека нивниот производ е најдобар, но не гарантира дека се скриени некои од можностите на другите сервиси.
Во секој случај, добар преглед кој може да помогне во избор на сервис кој ќе ги шпиунира посетителите на твојот блог или веб сајт 🙂
Кликни на табелата за поголема
Кој сервис го користиш ти и зошто баш него?
Целосен или скратен фид
Која е вистинската стратегија за употреба на фидовите. Веднаш да напоменам, дефинитвна одлука нема. И двете опции имаат свои позитивни и негативни страни, иако се чини овие гоелмиве сите употребуваат скратен 😉
Continue reading