Се изначитав импресии од прекрасниот настан кој се одржа изминатиов викен во Бор. И сега треба и јас да пишам како си поминав, а некако не ми доаѓа во глава се, затоа што беше многу и беше многу добро.Затоа еве неколку фрагменти, некои ќе бидат разбирливи за повеќемина, некои само за неколку. Се извинувам.
1. Обожавам да возам комбе. Најдобрите идеи се раѓаат во комбе. Комбе е права ствар. Уште ја немам фотката која се обидува да го долови тоа, кога ќе ми ја прати Окси, ќе ја ставам тука.
Еве го комбето 🙂
2. Нашава блогосфера си отвори “нов пазар” :). На самото отварање после првите поздравни зборови, Бане зборуваше за нашиов “Блогерај” 10-тина минути. Бевме 11, и бевме активни, оставивме впечаток. Каков? Па не е благодарно сами да се фалиме нели :), разгледај по другите постови врзани за настанов.
3. Бор и неговата околија се прекрсни. Луѓето зрачат со добрина. Домаќините (организаторите и газдарицата каде спиевме) ги заслужија сите пофалби. Наметнаа висок стандард, и веројатно оние кои ќе треба да организираат догодина ќе треба да се помачат. Секако резервна варијанта е пак Бор да организира, но се кладам дека во тоа сценарио догодина би имало најмалку дупло повеќе луѓе 🙂
4. Контакти, контакти, контакти. Многу, многу добри, многу искрени. А и како да нема многу контакти кога цела вечера беше покриена од организаторите, сосе пијачките :). Е добро де за струјата не беа тие виновни.
5. Некои од блогерите македонски, после настанов (барем додека се враќавме назад) се здобија со желба да бидат посериозни со своето блогирање. Не знам што тоа значеше за секој индивидуално, ама ме радува. Не за друго Драган во една прилика ме претстави како најсериозниот блогер во МК :), па вака може нема многу да се двојам по таа линија.
6. Следниот BlogOpen пак ќе одам.
До тогаш, барајте форки на Flickr, Facebook и на другите постови.