Media & Marketing Blog

5 фактори за (не)успех на еден стартап

Во петокот со осбено задоволство бев дел од (претпоставувам) првото официјално одбележување на Startup Europe Week во Македонија. Бев дел од втората сесија заедно со моите драги пријатели Наташа (@Missy_Delilah), Петар (@ninovski), Митко (@mitcome), Ева (@naloria), Теди и Виктор (@ViktorDano). Само на кратко, настанот беше одличен, имаше убава енергија и ми се чини дека беше одлична идеја да се спојат 3 различни света (државни органи, компании и инвеститори) засегнати со истата тема: развој на стартап сцената во Македонија.

Моето излагање беше посветено на делот со неуспесите на стартапите. И токму во таа насока презентацијата всушност беше составена од 7 прашања поврзани со основните фактори за успех на еден стартап. Факторите се преземени од анализата на Бил Грос (видео подолу) претставена во март минатата година на TED настан.

Со цел да ја направам мојата презентацијата интерактивна а и да остане нешто повеќе забележано од целиот настан решив всушност тоа да биде мало (методолошки неразработено) истражување. Секој од присутните во публиката учествуваше во истражувањето со дигање на рака одговарајќи на прашањата. Дозволено беше да се дигне рака повеќе од еднаш.

startup-europe-week-macedonia

Вкупниот број на присутни (посетители во овој случај испитаници) беше 52. Еве ги прашањата по редоследот по кој беа поставени:

  1. Колку од вас сега се дел од стартап?
  2. Колку од вас бие дел од стартап кој не успеал? Не постои веќе.
  3. Колку од вас мислат дека идејата е најважна за успехот на еден стартап?
  4. Колку од вас мислат дека тимот е најважен за успех на еден стартап?
  5. Колку од вас мислат дека клучен за успехот на еден стартап е бизнис моделот кој го имаат?
  6. Колку од вас мислат дека финансирањето е клучен фактор за успех на еден стартап?
  7. Колку од вас мислат дека тајмингот е најважен за успехот на еден стартап?

Од вкупниот број на присуни 15 се изјаснија дека се дел од стартап а 7 биле дел од стартап кој неуспеал, осносно не постои повеќе. Што се однесува до факторите еве како стојат работите.

Фактори за успех на стартап

Чисто заради споредба, ако не го изгледа видеото на Бил Грос погоре, еве ги подолу и резултатите од неговото, неспоредливо порелевантно истражување. Можам да кажам дека и моето лично искуство оди во линија со ова што го констатира Бил Грос, токму затоа и го земав тоа како основа за мојот настап во петокот на Startup Europe Week.

Фактори за успех на стартап (глобално)

Што мислиш ти? Кој е најважниот фактор за успех на еден стартап?

*Петар, благодарам за асистенцијата

3 коментари на “5 фактори за (не)успех на еден стартап”

  1. Ванчо

    А економијата?
    Факторите можеби важат во Силикон Вели, прашање е дали во цели САД.
    Кај нас, нема пазар, нема финансиери, нема кредити, нема помош од државата, нема ни доволно квалитетни стартапи…
    Не вреди да имаш одлична идеја, тим, и сѐ останато од листата на Бил Грос, ако нема потенцијални купувачи. Освен ако не измислиш вода како замена за бензин.

  2. Дарко Булдиоски

    Грешиш Ванчо… да нема пазар кај нас, нема многу работи, ама па кој вели дека треба да ти е МК пазар и репер. Пари има, нема на кого да ги дадат. Нема квалитетни тимови и идеи кои докажано работат… прочитај го освртот на Виктор, одличен е, баш на овие теми а поврзано со муабетите од настанот во петокот.
    http://it.mk/bev-na-startup-europe-week-vo-potraga-po-makedonski-startapi/

  3. Андреј

    Дефинитивно тимот е најбитниот дел од стартапот. Од искуство.

Коментарите се затворени.