Media & Marketing Blog

Политика и медиуми

Сеад посочува на еден текст објавен во Утрински кој многу ми се бендиса, и почувствував потреба да го искориста за да прокоментирам во 3 точки.

Вовед: Владата во рекламен транс купува доверба од медиумитеУтрински Весник. Веќенеколку пати во Утрински се појавуваат текстови на слична тематика и со сличен субјективен тон, иако не се предалеку од објективноста, според мене 🙂 Да одам со ред.

1. Едноставно не мораше да се трошат толку многу пари на толку јавни места: медиуми. Сите тие кампањи и реклами кои им бодат очи на луѓето можеше да бидат инвестиција во некои добро потковани странски „спин доктори” кои ќе завршеа слична работа без многу галама, и плус можеа да ги научат локалниве „спин докторчиња” по некој трик повеќе.

2. Светов одамна има медиа компании, концерни и слични „масовни” групирања на масовни медиуми. Само МК сé уште има закон кој не дозволува сопствеништво на печатен и електронски медиум одеднаш. А што ако еден ден ВАЦ или Велија (во ликот сопственик на Време и Шпиц) решат да инвестираат во онлајн вестите и да направат мултимедијални презентации, и по примерот на остатокот од светот да произведуваат видое и аудио материјал за на своите интернет сајтови? Како тогаш законот се спроведува? А воопшто интернетот што е? Електронски медиум или…? Зар не се сопствениците на печатените медиуми сопственици и на домените на кои се објавени истите тие вести? Или, и тука Велија има некоја своја реинкарнација? Законот е чиста глупава заоставштина од некое време и треба да се преиспита неговата логика на постоење.

3. Интересно, како на два пати читам сличен текст во Утрински на оваа тема и на два пати за релативно кратко време текстот им релативно многу коментари. Браво за Утрински и за сите кои коментираат.

Патем едно од сликчињата десно на блогов вика дека ние сме hard blogging scientists. Во моментов спроведувам едно мало истражување (за моите академски потреби) на тема медиуми и политика, поконкретно државата како извор на информации, па затоа најавувам, штом дојдам до некој пристоен број на податоци ќе ги споделам тука на блогов.

Technorati Tags: , , , , , , , , , , , , .

6 коментари на “Политика и медиуми”

  1. GoodBytes

    За првата точка, ми се чини дека, особено од војната наваму, и премногу странски спин доктори продриблаа низ Македонија. Доста ќе да е.

  2. sead93

    Ајде, нестрпливо, чекаме резултати и податоци од истражувањето :)Се сложувам за законот, и би додал дека треба „луѓе на место“ да го сменат, подобрат и да го спроведуваат следниот, новиот, подобриот за да состојбите во медиумите не наликуваат на бит-пазарна економија во однос на функционирање, сопствеништва и слично. Нештата кај нас (иако се исклучиво за наше добро) се менуваат само кога некој друг ќе ни каже „еј другарчиња, ова не ви чини баш“, па очекувам дека и ова ќе се смени под притисок или налог на некој Совет на Европа, Европски комисии и слично.

  3. Новица

    Хм, јас два пати внимателно го прочитав текстот во Утрински.

    Мислев да пишувам нешто повеќе за тоа кај мене, ама ме замрзе, па само еден коментар овде кон самиот текст:

    Со тезата дека „владата некако се пазарила со медиумите“ меѓу другото се кажува и дека медиумите се спремни за пазарење. Текстот не отркива дали и Утрински е или не е. Така, останува да видиме дали некој пазарел во нивната редакција.

    Приказната за Велија е веќе одамна исфурана, а статијата едвај споменува дека овој проблем иако постои одамна, ни оваа влада не го решава.

    Инаку, што знам… редовно читам Утрински и во последно време, кога и да го отворам ми се чини дека во Македонија е дојден судниот час. Овој текст исто така има таков под-текст.

    Не дека ја сакам нешто посебно владата или некоја друга институција, но загрижувачки ми е тоа што само ова „будно око“ на Утрински ја гледа апокалипсата во МК.

  4. darko156

    Се сложувам со тројцата.

    Goodbytes: Не навлегувам дали се доволни или не, само ми се причини дека тоа би бил поефективен начин.

    Сеад: За жал да, така е, не сме спремни сами да повлечеме некоја здрава иницијатива, ама тоа е веројатно пак поради партиската поделеност на народот, ако некоја партија на совоја рака преземе ваков потег тогаш ќе мора без компромис (без вадење на ЕУ и сл) да ги спроведе сите внатрепартиски (ситни) интереси.

    Новица: Да, апсолутно, Утрински ја најавува „апокалипсата” ама кога човек ќе подразмисли дека неколку други весници го најавуваат спротивното, може донекаде да го оправда и ова што го прави Утрински. Иако мене ниту едното ниту другото не ми се допаѓаат.

  5. Транзистор

    1.Тоа дали и колку се ефективни медиумските кампањи на Владата е предмет на малку подетална, а не паушална анализа. Лесно е да се објават парите потрошени за маркетинг. Туф-туф, шо напраиле. Утрински добро знае (знае ли?) дека постојат егзактни инструменти и индикатори како се мери импактот од ПР мерките. Во овој контекст: социјалниот маркетинг и онака беше дупка, не ви се чини дека Владата дава каков-таков инпут кон негово развивање? Внатре треба да се мери свеста, чувството на сигурност, коефициентите на национален идентитет, доверба… Надвор, информираноста, економскиот, туристичкиот импакт…

    2. Медиумите земаат пари од Владата за да ја промовираат? Со уат? Нешто ново? Демек нема примери по светов? Пазар си е тоа, еден плаќа, друг објавува. Јас како граѓанин ич не жалам за мојот дел од парите потрошени на такви мерки. Ама ич.

    2а. МАКЕДОНИЈА СО ГОДИНИ НЕМА ПРОВЛАДИН МЕДИУМ. Сериозен медиумски простор во македонски услови подразбира банч од весници шо роварат по ситни грешки. Уа за апсолутизмот во медиумите. Уште се дрзнуваат да загушат секаков ообид да се направи опозиција на гнасното Сител-Вест кукумјавичко сеирџиско битисување.

    За без коментар: АПОКАЛИПСАТА на Македонија? Боже, боже, млади луѓе… Колку паушално, колку на памет…

Коментарите се затворени.