Media & Marketing Blog

[Презентации] Интернет трговија – предности и можности

Како најистурен твитер репортер кој во живо пренесуваше од натанот: Бесплатна обука „Интернет трговија – предности и можности“ презентерите ми го приготвија задоволството јас прв да ги објавам нивните презентации и дел од презентацијата на @alektasev која ја снимив на видео.

Се извинувам што не ми текна порано да им ја дадам камерата на дечките (благодарсност до нив 🙂 кои седеа позади мене за да можат да фатат добар агол и да го снимат и излагањето на претставниците од НЛБ Тутунска. Организаторот најави дека вакви предавања ќе организираат и во неколку други градови низ Македонија. Се надевам дека одзивот ќе биде како овој денес.

Честитки за организиацијата и една замерка за презентерите. Колку и да стануваше збор за бизнис презентации и за натпревар, сепак мислам дека не беше фер што не ги спомнаа останатите компании и банки кои нудат услуги во оваа сфера :).

4 коментари на “[Презентации] Интернет трговија – предности и можности”

  1. alektasev

    Дарко благодарам за пофалбата, но околку спомнувањето морам да надополнам.

    Мислам дека посетителите добија максимум информации без НЛБ да прави компаративна анализа со други банки, што не би било фер.

    А од аспект на софтверски решенија за е-трговија, од типот на самостојни продавници, спомнав дека секој програмер или програмерска фирма во државата е потенцијален провајдер на решение.

  2. btanevski

    "Се извинувам што не ми текна порано да им ја дадам камерата на дечките (благодарсност до нив 🙂 кои седеа позади мене за да можат да фатат добар агол и да го снимат и излагањето на претставниците од НЛБ Тутунска."

    Не ни претставуваше никаков проблем,напротив задоволство 🙂

  3. САЈБЕР ШТО??? « Нашиот Zeitgeist

    […] – предности и можности“ , или ако некој има потреба од презентациите, но ајде да се надеваме годинава дека ќе земе некаква […]

Коментарите се затворени.