Media & Marketing Blog

[инфографик] #protestiram #martin

Во неделата ни текна дека би било убаво кога би можело да се визуелизира малку целата активност околу #protestiram. Се обидовме да дојдеме до релевантни податоци кои би ни послужиле за таа цел, и успеавме да ископаме нешто од Twitter.com. За жал, малку доцна ни текна па не можевме да дојдеме до твитовите од првите два дена кога започна целата оваа приказна, но што е тука е. Се обидовме да поставиме ограничувања, во поглед на тоа кои тагови ги анализираме и кои денови за да може во тие рамки да извлечеме релевантни статистики.

Ги исфрливме #daniel и #fontana. Собравме и анализиравме податоци од 9 до 14 јуни изутрина. Дел од нив моравме и рачно да ги прочешламе за да се увериме дека нека да опфатиме твитови со #martin кои не се однесуваат на оваа тема. И на крај дојдовме до овие податоци:

Инфографик #protestiram!

Продолжуваме да ги собираме податоците, планираме после неколку дена (веројатно повеќе од една недела) да ги обновиме податоците и да објавиме уште еден (посвеж) инфографик.

Чисто колку да се знае, податоците преку API-то на Twitter ги собираше колегата Марјан Стојнев, јас и Мите ги чистевме податоците и ги правевме анализите а за дизјанот се погрижи Дани Јанев. Секоја сугестија, или податок плус кој може да го збогати овој инфографик се добредојдени.

Анализата на податоците ќе ја правиме кога ќе се смири целава ситуација, за да може со свеж поглед да се свртиме наназад и да извлечеме релевантни заклучоци.