Media & Marketing Blog

Social Media Day по 4ти пат во Македонија

smd-mk-02

Не ни се веруваше дека ова е четврта година по ред како го организираме Social Media Day, а како да беше вчера кога се накрцавме во комбе и кога Медо откри дека има институција т.н. пазарен ден. Па и Велес и лудиот дожд не ми изгледаа дека беа пред 3 години. Ама ете времето си минува, многумина не потсетуваа и прашуваа кога и каде ќе биде следниот Social Media Day и еве конечно (маааалку можеби касно) но денес го најавуваме овогодинешниот собир.

Од каде да почнам, од програмата или од локацијата?

Ајде од програмата, овој пат ќе биде за нијанса пократка, затоа што ова ќе биде вечерен настан, но и за да ви ја задржиме концентрацијата целосно. Ќе има 4-5 презентации, ама детали ќе пиштиме во среда. Како најава само да спомнам дека ќе се зборува за reddit, #ФотоНаНеделата, #ЛетовоСакам, #НаТочак…

Секако ќе има многу време и за дружење и за запознавање на нови ”интернет фаци”, но ќе има и време и за бањање и за летна журка (ако не ни врне).

Локацијата е Комплекс Базен Ирина, на почеток на Припор, веднаш спроти хотелот Најс. Домаќините ни рекоа дека не само што е доволено туку и препорачано ноќно бањање а за сето тоа да биде како што треба ќе се погрижи и DJ Shurbe.

Мора да ги пофалиме и оваа година Џабест, кои како и минатите 3 години, безрезервно го поддржуваат овој настан. Секако тука не смее да го заборавиме и дежурниот за опрема @bratot1 со Фрагмент Комуникации. Доколку сакате на кој било начин да помогнете/бидете дел од овој настан пишете ни.

fb-coverЗначи, да повториме, петок 26. јуни, тоа е овој петок, Базен Ирина, 20 часот, сите на куп за уште една незаборавна дружба на Social Media Day. Се читаме во среда со деталите за програмата и локацијата. Дотогаш твитајте со #SMDayMK

Официјално соопштение: Денот на социјалните медиуми се одбележува и во Македонија

4 коментари на “Social Media Day по 4ти пат во Македонија”

  1. Igor Pop Trajkov

    Pochituvani, bi sakal da dojdam na eventov, ama navistina ne znam kade e. Dali i godinava kje imate kombe ili organiziran prevoz? Pozdrav, Igor.

  2. Наталија Трајчевска

    Здраво Игор, настанот се случува во Припор (поточна мапа можеш да видиш на https://www.facebook.com/837722969638321/photos/a.837739709636647.1073741830.837722969638321/837739662969985/?type=1&theater) а и ние секако ќе објавиме детални упатства на настанот на https://www.facebook.com/events/1683375678557328/. Воопшто не е далеку како што изгледа 🙂 Организиран превоз сега за сега нема, ако има новини ќе објавиме. Може да настанот слободно да пишеш да се организирате повеќе луѓе кои ќе доаѓате од исто место.

    Се гледаме во петок 🙂

  3. Zapatos Reebok Hombre

    Entretenimiento Reportajes | 22 de abril 2010 Es obvio que una mayoría de juegos al aire libre, sobre todo fútbol,New Era Venta, ​​hockey y cricket, han crecido terapéutico para mental y física desarrollo de niñas y niños.Artículo internet | 25 de julio 2013 de las revisiones tarro móvil juego java Conductor: Anaheim. También se incluye son enlaces de descarga directa para el conductor: Frisco gratis, con el apoyo del curriculum vitae. El

Коментарите се затворени.