Media & Marketing Blog

Македонија најголем корисник на Google Analytics

Koј и колку користи Google Analytics на светско ниво, е темата на истражувањето во прилог. Еден многу фин инфографик на TargetOnlineMarketing.com во кој верувале или не Македонија е процентуално на прво место од сите земји во светот.

Шокантно, фрапантно, ексклузивно, како сакате наречете го истражувањето :). Ама има логика и држи вода заради неколку причини:

  1. Google Analytics е бесплатна алатка (ние многу сакаме да користиме нешто за без пари);
  2. Скоро ниту еден сериозен бренд (сајт) нема алоцирано буџет за понапредни алатки, и многу ретко планираат средства за следење и анализа на своите статистики и перформанси;
  3. Сериозните фирми за истражување и анализа на статистики, како Nielsen и Gemius од скоро започнаа да ги прават првите чекори со онлајн мерење;
  4. Ретко која маркетинг агенција нуди детални извештаи за ефектот од активностите на своите клиенти.

 

Има уште многу простор и правци во кои треба да се развива оваа тема на нашиот пазар. Прашањето е дали нашите компании се подготвени за унапредување на нивните навики при следење на ефектот од своите активности и дали во иднина ќе одвојат буџет за користење на понапредни алатки. А уште позначајно прашање е дали нашите компании ја разбираат и препознаваат потребата од платени алатки за аналитика? Доколку и вие се двоумите во потребата, прочитајте зошто би сакале да почнете да плаќате за аналитика, пост на кој случајно налетав и кој дава детална анализа на бесплатните алатки на Google.

На крајот и благодарам на Петра, која го ми го сподели линкот во една неврзана комуникација и ме инспирираше да го напишам постот. Сигурна сум дека многу од вас имаат свое мислење на темава.

7 коментари на “Македонија најголем корисник на Google Analytics”

  1. Јурук

    1. Најголемиот дел од другите сервиси бараат одвојување на сериозни пари на месечно / годишно ниво. Ретко кој македонски сајт има месечни или годишни договори со агенции / огласувачи за да може да си дозволи тековно да ги покрие овие трошоци без да влезе во непотребен минус.

    2. Моделот по кој наплаќаат овие сервиси најчесто е скала по број на корисници. Колку повеќе корисници имаш толку повеќе треба да плаќаш. Ова само по себе има логика, меѓутоа не и во ситуација кога зголемувањето на бројот на корисници не значи и директно зголемување на приходите, како што е случајот со мкд сајтовите.

    3. Нема потреба од промоција на платени алатки, на кои сајтовите непотребно ќе трошат пари за работа која сосема солидно ја врши и бесплатен сервис. Зошто сите не ги префрлиме мејловите на некој платен сервис, за да ги унапредиме навиките за праќање мејлови или слични основи по кои би можеле да ги унапредиме навиките.

    4. Гугл аналитикс го користат сите во МКД, затоа што го користат сите во МКД. И добро е што барем околу една работа се имаат согласено 83,3% од сајтовите. И ова е далеку подобра варијанта отколку поделбата што ја предлагаш и што ќе настане кога едни ќе фатат да користат Гемиус, други Нилсен, па на крај за да им угодиш на сите ќе треба на двајца "мерачи" да им плаќаш (сериозни пари) секој месец за да имаме унапредени навики.

    5. За луѓе што работат социјални медиуми и комуникации во МКД, инфографикот не треба да е ништо чудно (скандалозно, шокантно, ексклузивно) пошто веројатно се запознаени дека тие 83,3% се должат на тоа што 83,3% од сајтовите во Македонија ги прават истите 15, 20, 50 луѓе, кои имаат исти навики и кои не можат да си дозволат на клиентот да му наплатат месечно плус 250 евра екстра за аналитика.

    5. И онака сите прво удираат на Алекса, па тек после бараат статистики.

    6. Не мењај нешто што фукнционира.

  2. Monroe

    Не би да тролам и да бегам од темата, ама прегледот по континенти ми е трн в око, начисто ме искина – па по која логика, побогу, онака ги испогрупирале Европа и Азија? 🙂 Која црна (зелена, де) Европа излегува на Пацификот? 🙂

    „Веселата географија“ настрана – ако процентите се сметани како просек за ОНАКА распределените територии/држави/„уатев‘р“, тогаш не се валидни уопште! Ни за зелениот, ни за жолтиот „континент“ под него…

  3. Дарко Булдиоски

    @juruk

    точка 1 – ДА

    точка 2 – ДА, ама тоа може и треба да се менува 🙂

    точка 3 – За ова ниво на потреби сосем доволен е GA но ако развиеш на пример голем сајт за продажба ќе ти требаат повеќе статистики повеќе детали и малку подобро организрани податоци за да го унапредиш процесот а со тоа и конверзиите и профитот. Тука веројатно и ќе се подзамислиш дали да вложиш во друга алатка за аналитика.

    точка 4 – никој не вика дека не треба да се користи GA 🙂 или ако се користи и друг дека треба да се извади GA. Таман работа.

  4. marketing menadzer

    Monroe , не гледаш дека се комбинирани 6те земји (3+3) со најдобар и најлош резултат во истражувањето.

    Инаку да , веродостојно е.

  5. Јоцо

    Ја сум слаб географија, а и 2 саат е веќе ама мене малку ми се чини дека некои земји ги нема. На пример Хрватска, Бугарија…

  6. Бисера

    точка 5- Искрено сум позитивно изнанедена и што волку многу се користи GA. Од искуство знам дека има и веб фирми, кои кога предаваат (најчесто каков – таков) сајт, не им ни кажуваат на корисниците дека постои ваква алатка, па ако корисников „ не се разбира“ ќе го моли тој што му го правел сајтот да му стави сајт метар! 🙂

    GA како што и сите тврдитe воопшто не е лош, а во контекст на општото ниво на маркетинг во земјава е одличен! Што се однесува за буџети за напредни анализи можеме да сонуваме! Па кој тоа би го разбрал во едно МСП (мало и средно претпријатие)? Инаку МСП изнесуваат повеќе од 95% од бројот на претпријатијата во државата…

  7. Darko

    Јас мислам дека поркај фирмите (кои реално ги чуваат податоците само за себе и не комуницираат за ова со нивните клиенти), многу млади блогери, ентузијасти бараат излез од тешката финансиска ситуација во Македонија преку интернет. Јас лично познавам најмалку 50-60 млади луѓе кои се занимаваат со интернет маркетинг. Ако се земе во предвид дека ние сме мала земја не ме изненадува оваа статистика.

Коментарите се затворени.