Крајно време е. Одамна се наканувам да пишам зошто во дадена ситуација треба да се направи страница (page), а не профил на Facebook. Повеќе од една година се обидувам да им укажам на луѓето кои сакаат да бидат присутни на Facebook со некој бренд, дека креирање на страница е вистинскиот начин да се направи тоа.
Секако, на далеку поголем дел од корисниците поблиско им е искуството во одржување на личен профил. Оттаму, без разлика колку и да се обиде човек да им укаже дека тоа не е вистинскиот начин да се реализира квалитетно присуство во мрежата, тие сепак прават профил. Па, еве само неколку точки зошто присуството на еден бренд (институција, организација, компанија, производ, клуб, музичка група, сервис… итн) е посоодветно ако е реализирано преку т.н. Facebook Page наместо со класичен профил.
- Ги кршите правилата за користење на сервисот.
Да почнам со наједноставното. Facebook јасно и гласно си кажува кој тип на страница за кого е наменет и вели дека ако не се придржувате до тоа правило, може да ја блокира вашата активност. Што значи тоа? Сети се на случајот со МВР. Нив (меѓу другот) профилот им беше затворен зашто беа институција. - Започнувате неприродна комуникација.
И покрај тоа што сите совети за денешниот web 2.0 маркетинг велат дека брендот мора да комуницира со своите корисници, сепак тоа не мора да се сфаќа буквално. Зарем би ви дошло природно да комуницирате со личниот профил на Aspirin? Си седите вие дома, и му велите на Аspirin: „Ех, да си ми сега при рака, ќе те голтнев”. Дури и кога се прави тоа, преку страница (page) или преку некои друго друштвени мрежи (кaко Twitter на пример), секогаш мора јасно и гласно да се каже кој стои зад брендот. Никој нема да поверува дека комуницира со цела фирма. - Го ограничувате капацитетот на вашата мрежа на пријатели.
Еден индивидуален профил може да има максимум 5.000 пријатели. Страниците немаат вакви ограничувања. Секако, тука мрежата не е составена од пријатели, туку фанови, но тоа оди во прилог уште повеќе, бидејќи токму таа е врската која реално се создава. Како за илустрација, Facebook профилот на NotForMen.mk (нова мк веб дестинација за девојки) за еден месец од креирањето на својот NotForMen Facebook Page ја надмина бројката од 5000 фанови. - Ги ограничувате апликациите кои може да ги користите.
И покрај тоа што Facebook има премногу апликации со кои секој тепа непотребно многу време, сепак кога сака човек сериозно да комуницра и квалитетно да промовира бренд, потребни се соодветни алатки (мал пример). За Facebook Page постојат голем број на апликаци кои овозможуваат разни дополнителни содржини. Автоматски додавање вести, слики, видео и сл. Дополнително може да додадете и плагин со кој обичен html може да се додава како fbml со што може релативно лесно да се изгради страница во самата страница. - Немате статистика.
Кога уредувате личен профил, статистика вооппшто и немате. Кога работите со Facebook Page постои можност детално да разгледате кој ви ја посетува страницата, да видите кој пол и возраст се вашите фанови, од каде доаѓаат и колку стапуваат во директна интеракција со вашите објави. Има уште статистики, кои само дополнително градат предност.
Доста се, сега за сега. Се надевам дека во иднина барем на некои луѓе ќе можам да им речам, еве ти линк и пробај да разбереш зошто треба да постапиш вака. Секако, самата одлука каков тип присуство еден бренд ќе има на Facebook не е пресуден фактор колку неговата вкупна презентација ќе биде успешна. Ако направите Facebook Page, не сте ја завршиле работата, напротив, допрва сте ја започнале.
Но, деталите околу тоа на што треба да се внимава при помовирање на бренд на Facebook, ќе ги оставам за некоја следна пригода.

Од Ана Пејчинова 24 August, 2009 - 2:54 pm
Одличен напис. Се надевам дека и подетална компарација ќе следува, за предностите и слабостите на двете опции.
Поздрав, Ана
Од Darko Buldioski 24 August, 2009 - 11:27 pm
Ана, фала за пофалбите и за коментарот и извини што не ти беше објавен коментарот одма, имам малку погоре инфо зошто се случува тоа.
Што се однесува до разликите во детали, многу зависат од целта која се сака да се постигне.
Сепак, не велам дека нема начин да се искористи личен профил за промоција на бренд, ама тоа е повторно друг пристап кој сепак не подразбира креирање на личен профил за брендот.
Здравје, ќе праиме во иднина повеќе мини анализи на ефективна употреба. :)
Од Twitter Trackbacks for Зошто Facebook Page, а не личен профил за твојот бренд | К О М У Н И К А Ц И И [komunikacii.net] on Topsy.com 24 August, 2009 - 11:33 pm
[...] Зошто Facebook Page, а не личен профил за твојот бренд | К О М У… komunikacii.net/08/23/facebook-page-profil – view page – cached Далеку поголем дел од корисниците поблиско им е искуството во одржување на личен профил. Оттаму тие прават профил наместо страница. Па, еве само неколку точки зошто присуството на еден бренд е посоодветно ако е реализирано преку т.н. Facebook Page наместо со класичен профил. — From the page [...]
Од Curious 25 August, 2009 - 3:07 pm
Корисен текст. Само, ми остана мислата.. се плаќа ли нешто за Page варијантата?
Од Darko Buldioski 25 August, 2009 - 5:17 pm
@curious бесплатно е креирањето и одржувањето на страница. Статистика е исто така бесплатна, е плаќаат само некои од поквалитетните апликации и секако доколку сакаш да ја промоција страницата преку реклама.
Од Филип Стојановски 25 August, 2009 - 9:08 pm
6. Не им оставате простор на конкурентите да ве пријават на управата на Фејсбук, па тие да ви го избришат профилот и да ви го уништат трудот
Од mirko popov 25 August, 2009 - 9:12 pm
Na mesto.Pozdrav
Од Стојче 25 August, 2009 - 9:22 pm
Од искуство кажувам дека страницата и те како е помоќна од профилот, особено кога станува збор за јавни личности и познати брендови.
Таа истовремено преставува многу моќно средство за презентација на сите новини пред поддржувачите.
Друга предност е што на профилот е лимитиран бројот на пријатели, а на страницата не е лимитирана бројката на поддржувачи.
И она што е добро што во секој момент имаш бесплатна детална статистика за сите поддржувачи, за нивна структура (според пол, според локација и сл.) како и за бројот на коментарите и сл.
Има уште многу позитивни работи, но јас мислам дека сеуште „страните за поддржувачи„ не се доволно распространите и популаризирани па затоа сеуште наместо за страна често се одлучуваат за профил што во суштина многу пати е против правилата на фб.
Од http://preminportal.com.mk/component/option,com_weblinks/catid,14/Itemid,44/ 26 August, 2009 - 5:40 am
http://preminportal.com.mk/component/option,com_weblinks/catid,14/Itemid,44/
Од igor 26 August, 2009 - 6:57 pm
a zosto koi se nedostatocite ne grupa ?
t.e.
page vs. grupa ?
Од Darko Buldioski 26 August, 2009 - 6:59 pm
Никој ништо не рече за група, тој тип на страна си има своја цел. И колку што сум забележал не се користи толку често наместо page
Од 6 мита за развој и имплементација на стратегија за употреба на социјални медиуми | К О М У Н И К А Ц И И 1 September, 2009 - 4:02 pm
[...] и секако задоволен од (мини)популарноста на постот за Facebook Page vs. Profile Eве повторно пост на тема блиска до [...]
Од Treatment for Hemorrhoid 27 November, 2010 - 1:28 pm
Very helpful information. I appreciate your effort, have a good day!
Од Ацко 4 March, 2011 - 12:17 am
Еве еден поинакво мислење: Иако facebook така си ја организирал работата, баш поради самиот факт дека некој треба да им објаснува на луѓето дека треба Page, а не Profile да си отворат, работата станува Not User Friendly. Како професионалец кој се бави со изработка на софтвер, веднаш ќе предвидам дека во скоро време Facebook ќе го напушти тој концепт, ако ништо друго ќе биде приморан на тој чекор од страна на конкуренција. Замислете дека за Facebook во суштина се е објект, само што сакаат полесно и попаметно да ги дистрибуираат своите реклами. Затоа и засега го прават ова, но со време верувајте се ќе биде исто, профил, страна, групи, итн.
Ајде малку дискусија на следнава тема:
Како да си ги повратиме парите од МК фирми дадени за реклами на Facebook. Значи, со секој клик на наша реклама, опс, увоз на виртуелни добра, т.е. трошење на девизи кои и така ги немаме доволно.
Решение? Јас во моментов немам, ајде нека се јават доброволци.
Поздрав до авторот, добра тема, добро претставено.
Од Darko Buldioski 4 March, 2011 - 12:26 am
Ацко фала за коментарот, дискусијава овде е релативно стара, но темата секако е актуелна. Да, ако ги погледнеш промените кои неодамна ги направи FB во дизјанот на страниците релано гледано само требаше системот за статистика (Insights) да го додаде на профилите и се ќе решеше :)))) (детали за новините тука: http://emarketing.komunikacii.net/facebook-novi-stranici/)
Интересна е темава за дискусија, може деновиве да ја отворам и со нов блог пост. Не знам колку си запознаен но mnogoo.mk развија некој сличен систем за огласувачи како оној на FB. Немам податоци дали и колку е успешен моделот, но ете тоа е обид да се „вратат” парите од FB.
Супер муабет, обавезно деновиве ќе го отворам со нов пост за да биде повидлив и затоа што темата заслужува
Фала за коментарот уште еднаш, патем, чинам прв ти е на блогов :)