Media & Marketing Blog

6 мита за развој и имплементација на стратегија за употреба на социјални медиуми

Пријатно изненаден и секако задоволен од (мини)популарноста на постот за Facebook Page vs. Profile Eве повторно пост на тема блиска до таа.

Се потсетив денес на еден постар пост на Драган Варагиќ каде тој посочува и ги преведува/адаптира шесте мита за употребата на Друштвените (социјални) медиуми во корпоративни цели, објавени од страна на BusinessWeek некаде на почетокот на оваа година. Па се решив јас да ги преведам неговите синтетизирани делови од оригиналниот текст: Debunking Six Social Media Myths:

  1. Социјалните медиуми се ефтини, скоро бесплатни
    Самите сервиси кои всушност се социјални медиуми во најголема мера се бесплатни (Facebook, Twitter, Youtube…), но смислувањето и спроведувањето на стратегија за нивна употреба во корпоративни цели (зголемување на продажба, позиционирање бренд…) бара одредено знаење, вештина, време, а со самото тоа значи и пари. Основната предност кај употребата на сервисите за социјално вмрежување кога станува збор за парите е што навистина овие активности ги намалуваат трошоците за промоција, но сепак потребно е време, а тоа не е бесплатно. Во поголемиот број (пред се поголеми) компании постојат луѓе чии работни активности врзани токму со друштвените медиуми и токму за тоа добиваат плата.
  2. Секој кој ги користи социјалните медиуми може да биде ангажиран и за нивно користење во корпоративни цели
    Ова потсетува на „фактот” дека секој може да направи свој вебсајт. Во написот на BusinessWeek познатиот интернет маркетинг стручњак Robert Scoble наведува дека има повеќе од 1.000 експерти за друштвени медиуми кои го следат на Twitter! Се поставува прашањето, врз која основа тие се декларираат како експерти? Колку од нив имаат спроведено успешни кампањи за своите клиенти?
    ________________
  3. Патем, колку што јас следам сè уште нема многу високообразовни институции кои ги имаат вклучено социјалните мрежи и соодветните маркетинг активности во своите студии. Најмногу прашина крена The Birmingham School of Mediа со нивната MA Social Media програма. Патем, зимскиов семестар за прв пат и додипломците на NYUS ќе слушаат предмет Social media 😉
  4. Социјалните медиуми даваат ефект многу брзо Употребата на социјалните медуми за корпоративни цели не е класична форма на маркетинг и не може да започне и заврши на точно одреден датум и веднаш да се постигне директен ефект со истиот. За квалитетни резултати најчесто се потребни повеќе месеци ангажман, се разбира освен ако некој познат поединец или позната компанија не ја искористи својата веќе стекната позиција па врз основа на тоа бргу да привлече внимание.
  5. Стратегија за користење на социјалните медиуми може да се сработи само со ресурси внатре во компанијата
    Оваа констатација е точна сè до моментот кога постојат соодветни вработени кои се обучени и проверени за спроведување на овој тип активности. Но, иницијалното создавање на стратегијата и почетната имплементација многу ретко може квалитетно да се спроведе без помош од надворешни соработници.
  6. Ако направите нешто одлично на интернет, ќе бидете најдени
    Без никаква активност околу промоција на социјалните медиуми, денес шансите да ве најдат туку така, случајно, се многу мали, сведени на случајност.
  7. Резултатите од активностите на социјалните медиуми не се мерливи
    Постојат огромен број алатки со чија помош може да се измерат различни типови активности на една компанија или бренд. Од тоа колку се спомнува на социјалните медиуми, број на посети и сл. Алатките постојат, но дали тие ќе бидат искористени од луѓе кои ќе умеат да покажат дали целите се остварени или не, секако е друго прашање.

3 коментари на “6 мита за развој и имплементација на стратегија за употреба на социјални медиуми”

  1. Twitter Trackbacks for 6 мита за развој и имплементација на стратегија за употреба на социјални медиуми | К О М У Н И К А Ц И И [komunikacii.net] on Topsy.com

    […] 6 мита за развој и имплементација на стратегија за упот… komunikacii.net/09/01/mitovi-social-media-strategija – view page – cached Најчестите митови за употребата на социјалните медиуми во корпоративни цели, според BusinessWeek објавени во текстот Debunking Six Social Media Myths — From the page […]

  2. yneoriMowm

    http://discountdesignerhandbags-outlet.us/ cheap bags rghxkf cheap designer purses jvemau cheap handbags mbavbc Wholesale Designer Handbags tbbdzp replica designer handbags iedbrf
    http://coachhandbagsoutletonlinestore.us/ Coach Bags fxjlw Coach cgwfs Coach Factory Outlet dxmro Coach Purses ikvpq Coach Factory Outlet kemff
    http://louisvuittonbagsoutletstore.us/ louis vuitton store vyxyv louis vuitton purses juuii louis vuitton handbags outlet zqenq louis vuitton handbags on sale ichdm louis vuitton online lvnjf

Коментарите се затворени.