Media & Marketing Blog

Како се организира успешен web 2.0 настан

Минатата недела бев дел од организацијата на третата по ред Глокал конференција.  Ама мислам дека нема потреба да спомнувам повеќе зошто секој колку-толку редовен читател на блогов тоа го знае веќе одмана :). Ако не е така, трк на Glocal Conference и види ги деталите, па врати се назад за да ти има контекст останатиов дел од постов.

Еве што според мене треба да се планира, знае и обезбеди за да се добие успешно организиран web 2.0 настан.

1. Планирајте долго и детално. Деталите од организациски аспект не се планираат една недела однапред.
Мора да се размислува многу порано, дури и на најмалите ситници. Кабли, луѓе, комуникација, мрежи, вода, знаменца, звук и уште милион други работи. Верувај, кога има толку многу работи кои треба да бидат на место, детали има 3 пати повеќе. Секако најдобро е да си ги запишувате некаде овие зошто ситни детали има премногу а доволно е за еден да немате предвидено реакција и да се создаде негативен впечаток.

2. Испланирајте и подгответе ги сите ресурси на време, особено човечките
Доброто покривање во живо на Glocal: Inside Social Media во најголема мера се должеше на луѓето задолжени за тоа. Мора да се има на ум да се обезбеди соодветна технолшка подлога, да се обучат (доколку е потребно) луѓето и да се оди секогаш на проверена варијанта, т.е. да се задолжат луѓе со искуство и рутина. Зошто кога ќе тргне настанот, простор за маневрирање и адаптација има, ама малку е и ако не сте доволно спремни може да настане само поголем хаос.

3. Обезбедете Интернет. ОВА Е НАЈВАЖНО
Денес голем дел од сите нас се зависни од континуирано проверување на меил, facebook, twitter и сл. Ако не го правиме тоа онолку често колку што сме навикнати трпението се намалува и доволен е мал пад на мотивацијата за следење на настанот за да се откаже публиката од следење на преостанатиот дел. Ако сесијата или презентерот не му е интересна на некој посетител тој секогаш ќе може да ја отсурфа и да се вклучи подоцна.

Обебзбедете два различни извора на Интернет. Да. Тешко е, ама за подолги настани никогаш не знаеш кога може да откаже едниот. Раздвојте ги конекциите, онаа за организација и онаа за посетители.

4. Управувајте со настанот континуирано, дури и кога сте на сцена
На Glocal: Inside Social Media се уверив колку е корисно да се има компјутер со себе кога седите и на главната маса. Едноставно, перспективата на гледање на работите малку се менува, па добро е да се биде во ситуација да се комуницира со луѓето од организација. И додека седите горе може да се случуваат герешки и да се потребни ситни интервениции. Требаат кабли, се адаптираат детали во програмата, се пренесуват онлајн дискусии, се бара доближување на микрофонт, потребни се корекции во кодот на сајтот и слично. Сето тоа се решава со следење на twitter и со чет. Лесно и скоро неприметливо. И уште нешто, обидете се да обезбедите сите модератори на сесиите да имаат со себе на сцена компјутер.

5. Бидете транспарентни цело време
За која било тема, дали станува збор за стримот, за паузите, за кафето, за сендивичите, за откажувањата и промените. Интернет публиката е публика која сака транспарентност. И онака целиот настан се одвива пред нивните очи, сеедно дали се на самото место или дома пред екран. Ако падне стримот, бидете први кои ќе го објават тоа и кажете дека работите за да го вратите. Ако некој дел од сајтот не работи побарајте помош за брзо решение.

И да наведам вака на крај што се случуваше во позадина на Glocal: Inside Social Media

Имавме два проектора, еден за официјалните презентации еден одбројуваше време преостанато за презентација. Иако на многумина оваа идеја им беше нова, морам да признаам дека јас ја имам видено на настани органзирани од Метаморфозис. Имавме две камери. Една за стрим (за неа беше задолжена Тијана) и една од позади го снимаше одвоено целиот настан. Мите ги надгледуваше камерите, сликаше, твиташе, фејсбукаше и ги качување на flickr фотографиите. Три девојки ги пишуваа кусите прегледи за презентациите и ги дополнуваат линковите кон другите написи: Славица, Ана и Илина. Имавме две безжични мрежи. На едниот рутер имавме врзано компјутер со загарантиран проток кој стримаше. Двете мрежи беа отворени но сепак онаа без стримот беше примарна. Имавме сајт на кој се прикажуваше стримот и се агрегираше содржина. Борис чепкаше во позадина на сајтот а јас правев од се по малку, сликав, твитав, чепкав по сетинзи и најмногу од се издавав наредби :).

Што постигнавме? Настан за социјални медиуми кој максимално ги искористи социјалните медиуми ВО ЖИВО. Нема да бидам скромен. Ќе пишам. Многу бевме добри.

Благодарност, уште еднаш до сите кои помогнаа, дојдоа, гледаа и активно учествуваа на било кој начин во годинашната Глокал конференција.

11 коментари на “Како се организира успешен web 2.0 настан”

  1. Slavica

    Настанот беше стварно добро организиран, екипата супер, а гостите и учесниците усште по супер. Се собираме повторно за една година, или можеби порано, којзнае 🙂

  2. Vladimir Trkulja

    Svaka čast. Gomila korisnih saveta, pravi riznica informacija za sve one koji žele da organizuju uspešnu konferenciju.

    Mnogo stvari koje profesionalci savetuju da se rade prilikom realizacije konferencija sam video u praksi prošle nedelje u Skoplju. Odvojeni Internet linkovi, komunikacija organizatora sa publikom preko Twittera, brze reakcije kada nešto zakaže, live stranica sa streamom i agregacijom tekstova o konferenciji, informacija za predavače koliko vremena imaju do kraja svog predavanja – i sitnica koja me je posebno oduševila, turistički paket za sve učesnike, mapa Skoplja i vodič.

  3. Darko Buldioski

    Фала на сите.

    Владимир за туристичкото пакетче мора да се заблагодариме на туристичкиот оддел на Град Скопје. Тие ни ги дадоа материјалите и имаа разбирање за соодветноста на нашиот настан.

  4. Гаља

    Не добри, одлични !!!

  5. Mitko Gogov

    детаљите ги прават нештата комплетни. јас не успеав да бидам присутен, иако имав голема желба :), но затоа би го пофалил моментот со live streaming channel – от кој ни го овозможивте на сите кои сакавме да видиме дел од агендата на конференцијата, да слушнеме дел од дискусиите и презентациите.

    поздрав и за успешната медиумска покриеност на конференцијата на интернет и др. постари медиуми :).

    се надевам следната година да бидам од настанот, и да седам на некој од столчињата инвентар на универзитетот кој според мене беше одличен избор како простор за одржување на Glocal.

  6. Археоблог

    Три години по ред ја следам Glocal конференцијата, од кои две години имам чест да бидам директен учесник. Од мој аспект морам да кажам дека постоењето на Glocal е од голема важност, зошто секој пат ме тера да направам еден исчекор нанапред и да ги впрегнам сите сили како би го извлекла најдоброто од спојот помеѓу археологијата, новите медиуми и комуникацијата.

    Поради професионалната природа на својата одговорна работа, археолозите се должни и имаат обврска да излезат во медиумите со јасен став во однос на некое случување. Како археолог чија професија е од социјална важност, сметам дека е потреба во нашето денешно 2.0 општество да се познаваат алатките на новите медиуми, зошто со секој изречен, а посебно напишан збор се обликува јавното мислење на граѓаните. А јас тоа го правам секој ден на интернет со своите размисли на блогот.

    За организацијата не се ни сомневав. Беше одлична, но следната година нека биде уште подобра. Зошто и од најдоброто, секогаш има уште подобро. 🙂

  7. Anonymous

    Честитки за организација. Догодина пак.

    П.С. До организаторите и рутерот: Фала за апдејтите на Виндоусот 😉

Коментарите се затворени.