Media & Marketing Blog

Започна #LeWeb10

Всушност, ако гледате во официјалната програмата најголемата конференција за интернет во Европа започнува утре (08.12) но за многумина таа веќе одмана е започната. LeWeb е започната за организаторите веројатно само што завршила минатогодишната. За старт ап компаниите таа можеби е започната дури и пред тоа, а за учесниците и за официјалните блогери таа е започната пред повеќе од 2 месеци.

Оваа година, како што се пофалив за прв на оваа конференција има и официјален претставник од Македонија. Јас де :). Ако не стигнав да се изнафалам секаде, еве уште еднаш, во 6-тата година откако станав блогер оваа есен бев поканет на два големи европски настани, World Blogging  Forum во Виена и сега во Париз.

Што всушност се случи до сега на #LeWeb10?

Не верувам дека ќе можам да пишам се што се случува наоколу затоа што голем број различни групи заинтерсирани луѓе се подготвуваат за различни делови од настанот. Еве некои информаци и најави кои беа актуелни помеѓу официјални блогери, кои патем комуницираа во неколку различни меил листи креирани од организторите.

– Официјалниот хаштаг за блогерската забава која се организира на брод вечерва е #bloggerparty. Велат ќе било забавно, останува да видиме и пренесеме. Со @Eniac се договоривме дека детално ќе известуваме за забавниот дел од целата конференција 🙂

– Учесниците си изнакликаа лајкови, и имаа шанси да изнадоговорат состаноци благодарение на своите профили кои организиторот им ги овозможи на сервисот Presdo Match. Паметен потег (за мене ново искуство) затоа што кога имате над 2500 луѓе на настан за 2 дена треба навистина да сторите се што можете (како организатор) за да им овозможите подобро да се запознаат и поврзат луѓето кои дошле таму. На крајот на краиштата најглем дел од нив доаѓаат за тоа не им е толку важна програмата.

– Блогерската заедница успеа и да склопи листа на совети како да се користи Presdo Match за максимален ефект.

– DJ на официјалната LeWeb журка најавена за утре вечер ќе е Bob Sinclar и можеби поважно – Drinks sponsored by BuddyMedia 😉

– Блогерската дружина сфати дека Etap хотелот во близина на LesDocks (локацијата каде ќе биде конференцијата) ќе биде и (неофицијално) официјален хотел на официјалните блогери (таму сме и јас и @Eniac 🙂 Може и некоја ad-hoc акција или твитап да падне, имаше иницијативи и да се стави ваков знак пред хотелот 🙂

– Две twitter листи беа креирани со сите блогери и само оние кои пишуваат на англиски

– Денес во 15.30 ќе се случи “behind the scenes visit” (I’m in 🙂

– За комуникациајта се грижи Stephanie Booth, плавушата со розев MacBook која беше на BlogOpen во Нови Сад во 2007 година. Таа навистина добро се потруди да ги раздвижи блогерите,. Она што мене ми се виде важно како лекција е нејзината упорност, како и настојувањето на целата организација да ги обврзе официјалните блогери да креираат содржина на своите блогови и сајтови и тоа што е можно повеќе на своите мајчини јазици, не толку на англиски или француски. Дополнително, твитање не се брои како остварување на блогерската задача како официјален блогер на LeWeb. Еве ги двата блог поста на Steph каде го појаснува токму ова: What do bloggers do at conferences? и Live-Blogging vs. Live-Tweeting at Conferences

И можеби најважно: Видео во живо ќе има тука: http://www.ustream.tv/leweb

Толку сега за сега… Се читаме деновиве малку почесто, многумина, на кои не можев да престанам да им се фалам, ме замолија да пишувам и снимам повеќе, да донесам некое искуство и да споделам. Затоа, не ми се лутете што во мојот твитер стрим ќе доминираат твитови со #leweb10 и овде на блогов ќе пишувам за тоа што сум го видел и слушнал таму.

2 коментари на “Започна #LeWeb10”

Коментарите се затворени.