Вести со платно… или…под кои услови би платил за вести?

Доста се разбранува интернетов последниве месеци откако чичко Мурдок почна да најавува дека ќе ги земе во свои раце глобалните текови и ќе се обиде да ги смени. Не сме ние како пазар дозреани за оваа дискусија, ние допрва ги поуларизираме и разбираме нашите агрегатори за вести но сепак, човек, ете, не е лошо да има и некој личен став по прашањево.

Пред некој ден на Facebook групата на читателите на Online Journalism Blog беше отворена темава, па потоа и беше напишан и пост со истата тема: Paywall watch: The news you’re willing to pay for. Оставив таму еден коментар, што всушност е мојот сефте, став на темава. Еве го тука на нашиов ни јазик, и се надевам со подбра граматика од онаа во англискиот :)

Значи, би се решил да плаќам ама не за вести туку за услуга. Доколку услугата во себе има дел кој продава вести, тогаш ОК. Доколку најголем дел од услугата се всушност вестите, тогаш пак ОК. Но услугата подразбира дека јас нема да има потреба да барам и други извори и да трошам многу друго време за да го добијам она што го добивав и до сега. Значи, сакам добра дистрибуција на повеќе канали и уреди, сакам повеќе извори, и најверојатно сакам и агрегација, зошто така сум навикнат сега. Ако се спремни издавачите да ми го понудат ова… со задоволство ќе платам. Ќе платам за вести, т.е. сервис кој нема да ми ги скрати сегашните искуства во процесот на консумирање иноформации, а ќе ми заштеди време или ќе направи да се чувствувам задоволен од она што го добивам.

Во спортивно, место да плаќам се потрошам малку повеќе време да си ја направам совршената комбинација на iGoogle, Google News, Netvibes, Twitter и сл.

А ти? Под кои услови би се наканил да плаќаш за вести?


About Дарко Булдиоски

Дарко Булдиоски е ко-основач на NewMediaMK - Интернет маркетинг агенција и NewMediaCenter. Активно започна да работи во полето на новите медиуми пред 7 години како блогер, продолжи како предавач, консултат и тренер. Дарко слуша тека музика, игра баскет и се труди да биде најдобар татко.
This entry was posted in News, online and tagged , , , , . Bookmark the permalink.

9 коментари на "Вести со платно… или…под кои услови би платил за вести?"

Коментирај!