Media & Marketing Blog

Ре-објавување: Заработка преку блог!

Комплетниот текст е објавен во актуелниот, седми, број на месечниот магазин Click. Оваа скратена верзија е збогатена со неколку линкови повеќе.

Да се стартува блог е бесрамно ефтино и едноставно, постојат огромен број бесплатни сервиси каде за пoмаку од две минути може да се направи пристоен блог. Од друга страна пак да се заработува со блогот е вистински предизвик.

Може сте слушнале приказни дека со блог може брзо и лесно да се заработи. Има таму некои реклaми, се појавуваат автоматски, луѓе кликаат и авторот на блогот се богати. Ех, кога би било толку едноставно. Впрочем да, едноставно е, ама бара многу работа. Како и кај која било друга работа парите и на Интернет не паѓаат од небо. Напротив, треба да се учи, и да се работи напорно. Интенетот е глобален пазар, а тој никогаш не спие.

Но што точно значи заработка со блог? Секој блогер си има своја цел, а таа не е секогаш материјална. Дали ако не се заработуваат пари тоа значи дека блогерот не е добар? Нормално не. Секој кој ја посигнува целта може да се смета за успешен, ако згора не тоа има и финансиска корист тоа е уште поголем успех. Постојат голем број блогери кои користат некои од начините за заработка, но без некои преголми очекувања, едноставно колку да си ги покријат трошоците за хостинг, домен и интернет.
Постојат најмалку четири начини на кои може да се заработува со блог.

  1. Прикажување на банер реклами. Најстандардниот начин на заработка на интернет всушност е прикажување на банери за услуги и или производи од компании кои врз основа на одреден ценовник ќе одлучат да се рекламираат на вашиот блог. Традиционално блог банерите се со големина 125х125 пиксели и ретко имаат главен или т.н. топ банер. Затоа внимавајте да не претерате со позициите на кои нудите поставување на банер. Доколку иамте опција избирајте кој се рекалмира на вашиот блог. Имајте на ум дека и рекламата е содржина од корист за вашите читатели.
  2. Контекстуално рекламирање. Така и најчесто се раѓаат идеите. Штом некој ќе слушне за Google AdWords и вистината дека и во Македонија пристигнуваат чекови кои може да се разменат одеднаш блогирање за пари е поблиска реалност. Контекстуалното рекламирање всушност нуди опција сопственикот на блогот да вметне код на одредена позиција на блогот кој ќе прикажува реклами поврзани со содржината на самиот блог. Знаменосец во овој сектор е секако сервисот на Google, но постојат и бројни други сервиси кои нудат слични но често посегментирани услуги. При избор на сервис кои ќе прикажува реклами на вашиот блог задолжително проверете дали можете да ги добиете априте во Македонија. Имајте на ум, ефикасноста на овој тип на заработка тесно е поврзан со содржината на блогот. Вратете се погоре и прочитајте ги основните совети врзани за содржината, тие се клучни за успешен старт.
  3. Индиректна заработка. Тешко е да се опише како всушност ова функционира, но сепак сосем реално е да сеочекува дека некој блогер нема да се фокусира на директна финансиска корист од самиот блог. Напротив блогот може да се користи како алатка за промоцја на личните интереси, знаење полиња на експертиза и ставови. За потоа преку него да се стигне до потенцијални работодавачи, повеќе хонорарни ангажмани или некој друг тип на индиректна корист како на пример подобро позиционирање во одредени општествени кругови. Овој тип на заработка е најтешко мерлив но тоа не значи и нанеефективен затоа што на прв поглед тешко може да се согледаат целите кои пред себи си ги поставува секој блогер.
  4. Плаќање по пост. Самото име кажува. Некои огласувачи сакаат да ја вметнат својата реклама во самите блог постови. Така ефектот е поголем но и довербата кон блогерот се менува, се разбира, доколку тоа не го направи блогерот транспарентно. Еден од најпознатите сервиси кој ги спојува огласувачите и блогерите по оваа основа е сервисот PayPerPost. Тој редовно во својата понуда има теми за кои може да се пишува и доколку тоа го направите под наведените услови може да заработите одредена сума на пари. Вакви вметнати реклами се случуваат и како резултат на директна комуникација на одредени огласувачи и самите блогери. Сепак, доколку рекаламата е вметната во самиот блог пост без да се нагласи тоа кршењето на етичките принципи во иднина може значително да му наштетат на блогерот.

Нормално, посотјат уште многу други начини како може да се заработи со блог преку некој нов тип на реклами, но овие се сосем доволно за старт. Не заборавајте, најважно е добра проценка, разработен план и многу работа.

Еве неколку линкови до сервиси за реклaми:

http://www.google.com/adsense
http://chitika.com/
http://www.quigo.com/
http://www.adbrite.com/
http://publisher.yahoo.com/
http://www.text-link-ads.com/
http://www.clicksor.com/
http://www.blogads.com/
http://www.crispads.com/

Повеќе корсни совети на оваа тема може да се прочитаат а овие блогови:

http://www.problogger.net/
http://www.dailyblogtips.com

За следниот број на Click предновододишниот спремам краток текст со неколку совети за оптимизација на блог.

11 коментари на “Ре-објавување: Заработка преку блог!”

  1. Miladin

    Блокирам реклами all the way. Од мене не заработуваат ништо. 🙂

  2. Darko Buldioski

    Муабетов е како ти да заработиш од твојта публика, не како" тие" да заработат од тебе 🙂

  3. alifaan

    Одличен пост, и добро кажано. За да се заработи во Македонија треба многу работа, и вложено време. Но сепак главен фактор е оптимизацијата, и со нетрпение го чекам вториот дел.

    @Miladin абе доста блокирање, дај малку отвори срце 🙂 и така ништо не губиш.

  4. ribaro

    Можам да кажам дека хонорарни ангажмани и тоа исклучиво благодарение на блгот, повеќекратно имам искусено , а знам и за неколкумина други блогери кај нас.

  5. Dare

    Друг начин е affiliate marketing…се позиционираш како експерт во твоето поле и препорачуваш други продукти. Луѓе прават и до милион на месец од ова.

    На пример, можеш да имаш ОГРОМЕН блог со review на чевли и патики…

    300 зборови го пишуваш reviewot. И сега нели луѓе што обично сакаат reviews се заинтересирани да го купат продуктот. Додаваш доле:

    Buy from…zappos.com ili amazon.com. И тоа е тоа.

  6. Igor

    Јас редовно продавам линкови, блог постови, а истовремено “шибам“ Google Ad sense.

    Така да… Да се биде блогер е прилично профитабилно.

    Ах… заборавив една работа да кажам…

    Се исплаќа да се биде блогер само ако блогираш на Англиски јазик.

    Пример:
    http://www.cars-10.com/ http://www.yachts123.com/

    • Susy

      Woman of Alien…Best perform you’ve got carried out, this website is absolutely cool with superb information. Time is God’s strategy for preserving every little thing from taking place si&lotaneuuslym#8230;.

  7. Aleksandar

    Bi sakal da prasam ,dali mora na reklamite (ads)da i raboti adsense mislam da e prifanato od google oti na eden moj blog probav 5-6 pari mi go odbija a se si mislam deka mi go odbile bidejki sajtot mi e na makedonski font ???

  8. Дарко Булдиоски

    Да, заради тоа се одбиени.

Коментарите се затворени.