Media & Marketing Blog

[подкаст с2-е15] Комплетно посветен на LeWeb11

Последната епизода од првата половина на втората сезона јас (Дарко) заедно со Александар (@a_georgiev) скоро 1 час зборувавме за она што се случуваше во Париз на LeWeb на 7, 8 и 9 овој месец. Коментиравме за атмосферата, за содржината, за организацијата за вмрежувањето. Ние бевме прилично воодушевени од целиот настан, па затоа и видно возбудени коментиравме за него. На блогов изминативе 2 недели скоро и да немаше друга тема, но еве ветувам дека ова е (прет)последната објава комплетно посветена за оваа конференција, која рака на срце комплетно го заслужи ова внимание.

Play

Преслушај го подкастот и остави простор за уште еден пост на оваа тема во кој ќе ги споделам (според мене) најинтересните (најкорисните видеа) од LeWeb11

Подолу еве ја и галеријата од фотографии која ја направив за овие три дена.