#комкаст 93 – за Google Analytics 4 со Роберт Петковиќ

Оваа епизода ја планиравме подолго време. Google Analytics 4 официјално се појави пред неколку месеци, и од тогаш наваму барaвме погоден момент да позборуваме на темата со, кој друг ако не, човекот кој ги претвара бројките во зборови – Роберт Петковиќ – Петко

Петко е еден од најпознатите и најпризнатите регионални експерти за аналитика, но не е ништо помалку искусен и од оние кои се во светскиот врв. Петко е редовен наш гостин на AllWeb, присутен на поголем дел од конференциите во регионот а од неодамна активен и на својот YouTube канал – Analitika s Petkom. Исто така (спомнавме и во самата епизода) Петко може да му дозволите да ве научи аналитика и преку Masterbox.rs

Во 93-тата епизода од нашиот #комкаст со Петко разговараме за новините кои ги носи Google Analytics 4, за разликите во споредба со досегашниот Universal Analytics и секако за најдобриот пристап и транзиција која треба да ја исплaнирате ако некаде следите статистика со овој сервис на Google.

Слушајте ја новата епизода претплатете се или заследете не на некој од следниве аудио стриминг сервиси:

iTunes: https://apple.co/31TUeXw
Spotify: https://spoti.fi/3oHztZ4
Google Podcasts: https://bit.ly/3kEqkxK
Anchor.fm: https://anchor.fm/komkast

Слушнете го аудиото тука:

Или погледнете го видео записот:

Се разбира може да се „сабскрајбнете” на YouTube каналот: https://bit.ly/3oGjbQ7