#комкаст 94 – за Growth ****ing со Никола Соколов

Со гостинот во оваа епизода се договоривме дека нема да користиме премногу излитени маркетинг термини, ама не успеавме да намалиме на употребата на англиски термини… Тоа е.

Никола Соколов е ко-основач и главен и одговорен… во Influencers Club, но зад себе има, релативно кратка, ама богата работна приказна.

Школуван за програмер, израснат во маркетер или подобро речено geeketeer, и лидер. Со Никола разговараме за:

  • преминот од програмирање во маркетинг и развој на бизнис;
  • неговите позитивни и негативни искуства во процесот на растење на еден стартап;
  • cold emails;
  • Instаgram email scraper (скрејпање, на податоци по нет 😉
  • Инстаграм микро инфлуенсери;
  • … и многу повеќе.

Не дека не се познава по мене, но муабетот со Никола навистина ми легна, и уште од сега најавувам дека нема да помине многу време кога повторно ќе го поканам да гостува во студиото на нашиот #комкаст

Слушајте ја новата епизода претплатете се или заследете не на некој од следниве аудио стриминг сервиси:

iTunes: https://apple.co/31TUeXw
Spotify: https://spoti.fi/3oHztZ4
Google Podcasts: https://bit.ly/3kEqkxK
Anchor.fm: https://anchor.fm/komkast

Слушнете го аудиото тука:

Или погледнете го видео записот:

Се разбира може да се „сабскрајбнете” на YouTube каналот: https://bit.ly/3oGjbQ7