166 #ПрегледВоПеток – 5G, LinkeIn Audio Events, spotif

Помина месецот наречен година, помина јануари, денес имаме и сонце, може да почнеме да се одмрзнуваме, доаѓа пролет. А доаѓа и уште еден #ПрегледВоПеток, подготвени?

#комкаст на тема 5G, со Маја од А1 Македонија

Токму периодот кога наоколу често гледаме промотивни комуникации за 5G, кога државата се подготвува да даде дозволи за старт на користење на оваа технологија, токму тогаш во #комкаст и неговата седма епизода посветена на дигиталната трансформација зборуваме за 5G. Зборуваме со лице кое поминало имплментација и развој и на 3G и на 4G и еве сега и 5G. Да не раскажувам многу, еве го видеото долу, а ако не ти се гледа видео, ако претпочиташ аудио клик на оригиналниот пост каде ги има сите линкови.

LinkedIn воведува аудио

И покрај тоа што има безброј мемиња за тоа каков е денес LinkedIn и како и за што се користи, сепак и понатаму тој останува број еден сервис за бизнис комуникација и фалење на професионално ниво. Не е ништо ново ако кажеме дека традиционално овој сервис меѓу последните имплементира новини и се закачува на трендовите. Затоа ни новината која ја најавија минатиот месец нема да биде толку воодушевувачка.

Без некои преконкретни детали во нивниот двонеделен њузлетер покрај неколку други работи самите најавија дека работат на дел кој го нарекуваат LinkedIn Audio Events. Ако се обидеме да го опишеме според она што го споделија, овие аудио настани ќе му дојдат нешто како Twitter Spaces. Велат дека дизјанираат интерактивно искуство, што и да значи тоа во ова сценарио, а најавуваат дека наскоро планираат да закачат и видео на овој сервис. LinkedIn со овие нови можности се надева дека ќе придобие дел од виртуелните бизнис настани кои сега веќе ни се чини дека се организираат со години, и покрај тоа што не се повеќе од две…

Јас искрено се надевам дека годинава ќе почнат редовно да се организираат „нормални” настани, доста е од виртуелниве.

The New York Times Company стигна до 10 милиони претплатници

Со неодамнешното купување на спортскиот магазин The Atlantic и по одличните последни неколку години The New York Times Company две годни пред планот стигна до својата зацртана цел, 10 милиони претплатници.

Кој вели дека медиумите умираат и дека не може да се трансформираат, само треба да биде решен човек и да знае како да работи. На крајот на минатата година The Times имале скоро 8.8 милиони претплати. Од нив скоро 5.9 милиони биле за дигиталните верзии на вестите, повеќе од 2 милиони на останатите нивни дигитални производи а скромни 800.000 претплати биле на печатеното издание.

Сега имаат нова цел. 15 милиони до 2027.

Spotify ќе предупредува за несоодветна содржина

Рецептот е познат, прво ги собираш кај тебе тие кои ќе донесат со себе голема публика и внимание од широката јавност, ќе дозволиш да си тера бизнисот со максимален профит и после кога ќе се претера ќе почнеш да си средуваш низ дома.

По новиот бран реакции за дел од епизодите на Joe Rogan, ексклузивецот на Spotify ,и заканите за повлекување на своите аудио изданија од платформата на ред е соодветна реакција. Rogan се извини во десет минутно видео а сега и самите Spotify најавуваат имплментација на процедури и алатки за предупредување од осетлива содржина, за почеток се разбира на тема Covid 19.

Бонус линкови

Убав викенд!

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.