167 #ПрегледВоПеток – Meta, Microsoft, Netflix, 2021 Review, Chrome…

Со денови на пролет во Февруари доаѓа и новиот #ПрегледВоПеток. Добро утро, започнуваме…

Европа ќе остане без Facebook и Instagram?

По Google Analytics и драмата помеѓу САД и Европската Унија, на ред доаѓа и Мета (очекувано). Европа сака да ги заштити податоците на своите жители и според своите легислативи, овие податоци не смеат да бидат во ниту една корелација и сообраќај со американски сервис. Тука доаѓа пак Мета што има своја филозофија на работите и не може да ја исклучи датата што доаѓа од корисниците во унијата за непречено работење на своите платформи.

Од овде се повлекува прашањето, дали доколку основната работа на Мета не е возможна на овие територии, треба воопшто и да функционира овде?

Дали Европската Унија ќе престане да биде дел од семејството на Мета?

​”If we are unable to transfer data between and among countries and regions in which we operate, or if we are restricted from sharing data among our products and services, it could affect our ability to provide our services, the manner in which we provide our services or our ability to target ads.”

Meta

Мета појаснува дека мисли дека ќе може да се постигнат нови договори во 2022 година, но ако не се случи тоа, веројатно нема да можат да понудат голем број од нивните најзначајни производи и услуги, вклучувајќи ги Facebook и Instagram, во Европа.

Американците се љубоморни на ваквата ситуација. Што мислите вие?

Digital culture review 2021

2021 ја започнавме со надеж дека работите ќе се сменат драааастично после фаталната 2020 и нормално нели се разочаравме во сѐ што постои. И додека радост ни донесоа само вакцините и тоа што имавме можност да видиме море минатото лето, доста работи ескалираа во дигиталната култура. We are social направија фантастична ретроспектива на изминатата година, осврнувајќи се на сѐ она што беше важно во нашиот свет. Metaverse, NFT, blockchain…Frances Haugen стана најпозната жена за 2021 со откривањето на сѐ она за што сите бевме свесни но се трудевме да не го приметуваме и му стапна на Марк на нерви. Twitter го доби најлајкуваниот твит за 2021 кога им посака добредојде на буквално сите кога платформите на Мета одморија во Октомври.

Од она што го видовме во 2021, што е она што можеме да го очекуваме за 2022?

Microsoft тестира нови функции за Windows 11

Microsoft се чини дека работи на неколку нови функции на Windows 11 кои компанијата сè уште не ги има објавено јавно. Десктоп стикери, можност да се сокрие таскбарот за таблет и одржлива секција во сентинзи се едни од новините во последната тест верзија на Windows 11.

Стикерите што се достапни во чет апликациите, отсега може да се адаптираат и да се закачат на десктоп а опцијата за криење на таскбарот додека се користи таблет може автоматски да се активира кога се користи таков уред. Новата опција за одржливост пак се однесува на подесувањето на енергетска одржливост и рециклирање на уредите.

Фраерот од “Tinder Swindler” баниран од повеќе dating апликации

На 02.02 беше лансиран новиот Netflix документарец под наслов “Tinder Swindler”. Документарецот ги следи сведочењата на 3 различни жени што во периодот од 2018-2019 биле вклучени во финансиска измама што започнала на Tinder. Главниот “херој“ во приказната е Shimon Hayut кој успеал да извлече дури 10 милиони долари од жртвите претставувајќи се лажно.

Типот по лансирањето на документарецот е баниран од повеќе dating апликации а неговите жртви дури покренале и GoFundMe кампања преку која собираат донации за да можат да ги исчистат своите долгови (ова ме натера да се посомневам во тоа и колку Netflix им има платено за ова но ок).

И без спојлери, остатокот оставам да го дознаете сами.

Chrome со ново лого по 8 години

Chrome го измени своето лого за првпат по 2014 и ако се загледате многу многу многу добро, можеби и ќе ја приметите разликата помеѓу старото и новото.

Сенките на елементите со боја се исфрлени и наместо тоа боите се едноставни а кругот во средина е за нијанса поголем. Креатор е дизајнерот Елвин Ху што работи за Google Chrome.

Честитки дечки, сте се потрудиле.

Бонус линкови

И повеќе од јасно е дека за овој #ПрегледВоПеток ја препорачувам “Tinder Swindler” на Netflix.

Бај.

close

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.