169 #ПрегледВоПеток – Reels на Facebook, Stories likes, DigiTalk конференција

Во денешниов #ПрегледВоПеток покрај #комкаст има неколку ситници кои за некои од нас можеби живот ќе значат…

#комкаст со Ивана Дојчиновска Стојановиќ

По уште една мала пауза #комкаст е назад на патеките… А во него јас и Ивана разговараме за една од најважните теми кога зборуваме за дигитална трансформација, односно за каква и да е трансформација. Да, зборуваме за луѓето, вработените, за организациската култура и кариерниот пат. Сите линкови до аудио платформите за слушање на #комкат се во оригиналниот пост, а видеото еве го и тука.

Instagram Stories може да се срцнат

Веројатно до сега видовте затоа што се пофали Instagram и во самата апликација, ама сега не мора да праќате порака за да изразите задоволство на некое стори. На овој начин Инста ќе го расчисти значително делот со пораки и можеби конечно инфлуенсерите ќе може да комуницираат пефективно тaму 😀

Среќна околност е што нема да се бројат јавно срцињата (лајковите) па нема да има уште една дополнителна работа околу која ќе треба да се опседуваат активните корисници.

Reels на Facebook

Meta го презема следниот чекор во битката со TikTok. Reels, кои досега гледаме дека ни носат одличен досег и вклученост на Instagram, сега ќе може да ги користиме и на Facebook.

Ќе си добијат тие свое место на врвот на апликацијата и исто така добиваат сет алатки кои нудат опции за миксање и споделување на различни видео содржини. Налик на YouTube и Meta има во план да им овозможи на креаторите на содржина да заработуваат преку оваа, сега актуелна, форма на видео содржина. Ова може и да значи посериозна закана за TikTok, ама ќе видиме, јас не сум премногу оптимист.

Како и да е, Reels на Facebook се тука, и подобро брзо да испланирате што ќе правите со нив затоа што сигурно ќе бидат исфорсирани и ќе дадат поглем досег. Целата сторија: Meta Launches Facebook Reels to All Users, Expanding its Short-Form Video Push

Discord тестира нови функционалности

Проверував сега, и досега само еднаш во бонус линк сме го спомнале Discord, редно е да му посветиме малку внимание. Сепак, има цела генерација корисници кои со часови секој ден го користат овој сервис. Сервисот кој започна како аудио и чет платформа за гејмери сега веќе сериозно прераснува во место каде се градат најактивните заедници на интернет.

Сервисот најави повеќе нови функционалности кои во одредени заедници ќе бидат како тест пуштени во периодот кој следува. Новите можности ќе имаат за задача да го олеснат користењето на сервисот особено во поголемите групи каде комуникацијата станува малку по хаотична. Не е лошо да се запознаеш со Discord и неговите планови за иднината, овој сервис има потенцијал да стане навистина голем. TESTING 1-2-3: A NOTE ON UPCOMING COMMUNITY EXPERIMENTS

DigiTalk конференција

Се враќам во живот. ќе има конференции! По најавата на Konverzija, минатава недела добро позната екипа пријатели најави уште еден настан кој сите знаеа дека ќе се случува, и со нетрпение чекаа најава. DigiTalk во Зрењанин ќе ја продолжи традицијата на настани зад кои стои Влада Ковач но и Иван Минич (бурек) и Витомир Огњановиќ.

Датумите се 7-10 април, програмата е поделена во два дела: e-commerce денови и самата конференција. Повеќе детали наскоро. Планирајте си!

Бонус линкови

Толку за денес, уживајте во викендот!

close

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.