Потајно се надевав дека ќе успеам во една епизода да ги соберам сите кои на еден или друг начин низ изминативе 10 години биле во улога на домаќини на #комкаст. Скоро и да успеав, собрав четворица од вкупно 5 на таа листа. Петтиот задоцни со својата реакција неколку дена :).
Јубилејнава 100. епизода со Сеад, Мите и Дарјан правиме ретроспектива, секој од своја гледна точка, секако низ најлегендарните моменти на овој поткаст.
10 години и 100 епизоди, е прилично лош просек, ама ми се чини дека конечно ја надинуваме периодичноста и влегуваме повторно во јак ритам како оној на самиот почеток. Пу пу да не урочам.
Ние се забавуваме еден час, се потсетивме на некои важни епизоди и искуства и се потапкавме по рамо за тоа што сме го дискутирале и постигнале изминативе годни. Во исто време отворивме и доста интересни теми за кои допрва треба да се зборува, пред се во #комкаст, но и општо…
Ако уживате во овој час, барем половина од нас, супер ќе ви биде. И да, знам, многу сме јаки, не мора да не тапкате по рамо и вие 😀
Ајде па побзо да ни дојде нова стотка…
Слушајте нè на:
Spotify: https://spoti.fi/3oHztZ4
Deezer: http://bit.ly/3qZZX87
iTunes: https://apple.co/31TUeXw
Google Podcasts: https://bit.ly/3kEqkxK
Anchor.fm: https://anchor.fm/komkast
Слушнете го аудиото од оваа епизода тука:
Или погледнете го видео записот:
Се разбира може да се „сабскрајбнете” на YouTube каналот: https://bit.ly/3oGjbQ7