171 #ПрегледВоПеток – Spark.me, Apple, NFT, TikTok

Малку се шокирав утрово кога ја видов бројкава напред, ама да, еве стигнавме до 171 #ПрегледВоПеток. Во овој преглед можев субјективно да ставам само еден линк и тоа да е доста, ама објективно многу интересни работи се случија изминатава недела. Па да почнеме со ред.

#SparkMe се враќа на сцена

Искрено ова е најубавата вест што ја слушнав во изминатиов подолг период. #SparkMe е нашата втора омилена конференција (после AllWeb нормално) и ептен многу се израдував кога после 2 години ми стигна омилената нотификација неделава.

Ако не сте биле свесни до сега колку многу ја сакаме #SparkMe, имаме куп емоции исфрлено по постови низ годините па можете да си прочитате какво искуство да очекувате од овој настан.

Новиот iPhone SE, iPad Air 5 і Mac Studio во новиот Apple евент

Apple, која целосно го напушти рускиот пазар, одржа нов евент, каде презентираше голем број свежи производи и решенија, а предводник на шоуто беше презентацијата на новиот iPhone SE. Смартфонот ќе биде вклучен во линијата на буџетски модели, а претпродажбата започнува на 18 март. Втората важна новина на презентацијата беше iPad Air 5 со сопствен M1 процесор. Според Apple, таблетот е двојно побрз од кој било Windows лаптоп во истиот опсег на цени. Пред-нарачките за iPad Air 5 ќе се отворат исто на 18 март, со почеток од 599 долари.

Што друго беше прикажано на презентацијата на Apple:
– iPadOS 15 – нова верзија на оперативниот систем со неколку интересни карактеристики.
– Чипот M1 Ultra – заснован на архитектурата Ultra Fusion со пропусен опсег од 2,5 TB / s. Позициониран е како најмоќен на пазарот и е со висока енергетска ефикасност.
– Десктоп компјутер Mac Studio со чипови M1 Max и M1 Ultra. Моделите ќе добијат 64 и 128 GB внатрешна меморија, соодветно. Apple гарантира повисоки перформанси во споредба со Mac Pro. Чипот M1 Ultra го прави Mac Studio 80% побрз од најмоќниот Mac Pro.

Ако сакате повеќе нформации тогаш топло ви го препорачувам 11 минутниот Apple „Peek Performace“.

Колку се безбедни вашите деца на TikTok

ВидиВака со уште една истражувачка приказна што вреди. Овој пат многу популарна тема кај родителите и нивните тинејџери. Колку ТикТок е опасен за вашите деца? Примарната функција на социјалната мрежа ТикТок е забавна, но младите честопати се изложени на опасни содржини. Ниту родителите, ниту пак образовниот кадар се чини дека имаат контрола врз тоа како ТикТок влијае врз психичкиот и физичкиот развој на тинејџерите.

Сè уште се кршат копја колку се безбедни или опасни социјалните мрежи за развојот на децата. Сепак балансот, внимателна и дозирана контрола како и внимание посветено на воспитувањето, културата и психо-физичката состојба на вашите деца се клучни во поставување здрав темели на размислување и проценка од нивна страна на кој начин безбедно да ги користат социјалните мрежи.

NFT е дефинитивно ѕвездата на неделата

Ако во листата на читање не ти е секој втор линк со NFT, негде нешто ја имаш згрешено работата (или можеби јас имам згрешено). Секој преглед имаме барем по една новост поврзана со метаверзумот, NFT, крипто светот, а за овој петок издвоивме три.

  1. Запознајте ги Argetties! Првата НФТ колекција на Аргета, составена од 21 уникатни гифови. Аргета ги дели на своите фанови како гивавеј на Инстаграм. Сега за сега тие претставуваат само престиж да ги добиеш, но компанијата не ја склучува можноста дека во днна ќе носат посебни врендости за нивните добитници.
  2. Battle for Giostone е првата македонска видеоигра која ќе користи NFT. Ако NFT токените Најчесто се користат како доказ за поседување на некое онлајн средство/посед, или некој дел од опрема како оружје или оклоп во видеоигрите, тимот кој работи на видеоиграта Battle For Giostone има малку поинаква идеја. Во нивниот случај и хероите со кои ќе играме се NFT токени. Прочитајте ги сите детали во интервјуто на IT.mk со Миле Граматиков, основач и директор на M-Tech Entertainment. (P.S. Поздрав Љуш)
  3. Ако не знае што е LimeWire, мал/а е за тебе :). Ве фати носталгија кога го прочитавте нели? LimeWire повторно се враќа…како NFT пазар! LimeWire нема да биде алтернатива за стриминг платформите, туку дополнителен канал за уметниците да продаваат ексклузивна музика и уметност директно на колекционери.Сајтот ќе стартува во мај, а моментално има листа на чекање која ќе биде известена за стартот. Продажбата ќе се одвива во САД, без предуслов за криптопаричник – така што во суштина, колекционерските предмети може да се купат директно со кредитна картичка, банкарски трансфер и сл.

Бонус линкови

close

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.