172 #ПрегледВоПеток – GA4, SXSW, #комкаст

Досега веројатно знаете дека возбудата ми е вратена на предпандемиско ниво, конференциите се враќаат во календарите, луѓето почнаа да се движат повеќе… новото нормално може да продолжи, секако сега новото нормално е војна 🙁 и тоа не е убаво… така да ќе се надеваме за ново нормално, ПОВТОРНО!

Но тоа не е главна тема на овој #ПрегледВоПеток па да го оставиме на страна… одиме по стандарден ред.

#комкаст нова епизода со Петар и Душан

А редот вели дека кога има нова епизода од нашиот #комкаст таа оди прва во преглед. Нема причини зошто и сега да не е така, особено кога во епизодата разговарам со двајца драги пријатели со кои долго време и соработуваме. На моменти ни изгледаше дека се вртиме во круг со муабетот затоа што толку многу пати сме ги зборувале овие теми… ама успеавме за вас, нашата верна публика, да спакуваме два муабети со Петар од Бреинстер и Дуле од Малиќи Груп (Гемак и Парк Хотел) во една епизода. Видеото е подолу, а целиот пост и линкови до останатите платформи каде може да слушате #комкаст на: Бизнис транформација е дигитална трансформација

Подгответе се за Google Analytics 4

Повеќе од две години во различни сценарија Google работи и дозволува и ние да работиме на новата негова верзија на неодминливиот Google Analytics. Google Analytics 4 ќе може да биде втора опција најдоцна до 1 јули 2023 година, кога ќе стане единствена, односно на тој датум досегашниот Universal Analytics проперти ќе престане да собира податоци од веб. Ако слулчајно си еден од малкуте корисници на 360 тогаш имаш уште некој месец бонус.

GA4 е подобар (и покрај бројните багови кои се пријавуваат секој ден) затоа што одговара на новите начини и навики на користење на веб сервисите, сајтовите, е-продавниците и апликациите. Дополнително Google вели дека е во согласност со GDPR и сличните закони кои сеат страв низ цел свет. Ние веќе собираме податоци преку GA4 пропертија за нашите и клиентските проекти, но сега е враме и да седнеме да згрееме столче и да му се посветиме посериозно.

Да е жив и здрав Зорин и ga:croatianTalk Facebook групата, па некои работи ни доаѓаат преџвакани, како на пример оваа листа на курсеви за GA4.

Инфлуенсерки во криза…

Знам знам рековме нека да дискутираме за војната, ама ништо не рековме за руските инфлуенсерки кои останаа и без Instagram. По блокадата на Twitter и Facebook на ред дојде и Instagram кој е дел од Meta а токму оваа корпорација минатата недела дозволи на своите сервиси пред се Facebook слободно да се објавуваат повици за насилство кон руските власти. Во ниту едно сценарио не може да се одобри цензура.. ама… нема АМА… комплесни се ситуациите, војна е… секој можен обид за појаснување на ситуацијата може да се толкува низ призмата на едната или другата пропаганда, затоа ете, само ќе известам и ќе сочуствувам со 80 милиони корисници од Русија.

SXSW е знак дека нормалното се враќа

Да си се вратиме ние на настаните, изминатиов период се одржа најголемиот настан за технологија и забавна индустрија во Америка – SXSW, или на долго и широко South by Southwest. Ова беше првиот голем настан кој се одржа без поголеми пандемски рестрикции но и покрај тоа, би рекол очекувано, бројот на посетители бил намален.

Очекувано топ теми беа: Metaverse, NFTs и блокчеин технологијата а секако настанот не помина и без докажување и борба во т.н. streaming wars кој се поважни за Американскиот пазар ама сите ние подоцна ги чувствуваме последитците од битките.

Кликни на најмалку еден од бонус линковите и добиј награда..

Бонус линкови

Убав викенд!

close

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.