173 #ПрегледВоПеток – Netflix, Instagram, TikTok, YouTube

Првиот пролетен #ПрегледВоПеток е овде, па од сега натаму го читаме со кафе во рака стандард ама на тераса или во двор.

Netflix во обид да го прекине делењето на пасворди

OK, first things first… Netflix се обидува да најде решение со кое ќе се прекине процесот на делење пасворди на еден акаунт во повеќе локации. Знам дека ова нѐ засега скоро сите, но без грижи секако дека нема да започнат од Балканот 🙂

Како решение за овој “проблем“ тие воведуваат доплата за член плус во планот. Ова започнува во јужноамериканските земји и не е ништо ново, затоа што веќе неколку години Netflix има желба да ги прекрати ваквите “позајмици“.

Така што, користете ги акаунтите на бившите додека можете, затоа што промената доаѓа. 🙂

Instagram го врати стариот feed

Го баравте – го добивте!

Instagram го трга feed алгоритамот и го враќа хронолошкиот редослед на прикажување на содржините. По многуте обвинувања дека платформата е штетна за тинејџерите, новото раководство ја најави оваа промена уште во Декември.

Од сега feed-от ќе има 2 опции: favorites и following. Во favorits ќе биде излистана сета содржина од оние акаунти што корисникот ги обележал како омилени. Во favorites корисникот има опција да вклучи до 50 акаунта. Во following ќе биде излистана содржината од сите акаунти што се следат. Она што е најважно е дека содржината и во двата дела ќе биде прикажувана како што се објавува без вмешување на алгоритам.

И покрај одлуката за враќање на Instagram feed-от во стариот сјај, тимот на апликацијата сепак си стои на ставот дека имањето и имплементирањето на алгоритам го подобрува корисничкото искуство. Луѓето поминуваат време на платформата изразувајќи го својот став секојдневно, давајќи позитивен или негативен фидбек на содржината што им е пласирана, зошто тогаш не би сакале да го гледаат токму она што им се допаѓа и за што покажале интерес?

When we first launched in 2010, Instagram was a single stream of photos in chronological order. But as more people joined and more was shared, it became impossible for most people to see everything, let alone all the posts they cared about. By 2016, people were missing 70% of all their posts in Feed, including almost half of posts from their close connections. So we developed and introduced a Feed that ranked posts based on what you care about most.

Instagram

Тоа е што е, ќе видиме како ова ќе се одрази и на бизнисите присутни на Instagram.

Дали TikTok и Oracle ќе стават крај на драмата во САД?

Пред неколку години пишувавме на големо за чекорот на Доналд Трамп и банирањето на Тик Ток во САД. Делот со складирањето на податоци од американски државјани на кинески сервис е голем deal breaker за САД па решението доаѓа во форма на договор со Oracle.

Според договорот, Oracle ќе ги складира податоците на TikTok за американските корисници, ќе се погрижи податоците да не се пренесуваат на ByteDance и ќе биде одговорен за заштита на податоците на корисниците од закани. Бидејќи оваа чувствителна задача ќе ја извршува американска компанија со блиски врски со владата, TikTok конечно треба да биде мирен дека неговите операции во САД претставуваат сериозна закана за американската безбедност.

YouTube нуди бесплатно гледање на повеќе од 4000 епизоди од ТВ серии

YouTube на своите корисници им нуди бесплатен стрим на речиси 4.000 епизоди, доколку се спремни да гледаат и реклами за време на сериите. За сега се достапни Hell’s Kitchen, Andromeda и Heartland, а опцијата е достапна во САД на веб, мобилни уреди и YouTube TV.

Со овој чекор видео гигантот влегува опасно пред својата конкурнција затоа што како сервис тој сѐ уште е бр.1 дестинација каде луѓето минуваат најмногу време гледајќи содржина.

Бонус линкови

Ништо ново немам гледано периодов, така што овој петок вие давајте предлози за серија/фил/документарец.

Бај.

close

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.