174 #ПрегледВоПеток –Wendyverse, The Slap, Twitter, Instagram

Ова е нашиот последен #ПрегледВоПеток! Одлучивме дека предолго се дружиме и треба да се посветиме на некои поважни работи! Па како за последен пат уживајте во неделните новости!

Wendy’s во метаверзумот

Колку повеќе се развива толку полудо станува (под лудо мислам на генијално налудничаво). Дочекавме ресторани во метаверзумот. Таканаречениот „Wendyverse“ ќе биде достапен за Американците и Канаѓаните кои поседуваат Meta’s Oculus Quest 2, почнувајќи од 2 април. Покрај репликата на ресторанот, метаверс локацијата ќе има и парк со фанта фонтана, џиновска статуа на маскотата на компанијата и кошаркарско игралиште во чест на „March Madness“. Светското кошаркарско игралиште, наречено Buck BiscuitDome, ќе биде поврзано со реална промоција која на сите клиенти во продавниците на Wendy ќе им понуди крекери со колбаси, јајца и сирење по цена од еден долар во текот на месец април.

Целта на кампањата е да се воспостави нова форма на онлајн заедница меѓу клиентите на синџирот. Ова е промовирано како „прва фаза“, што сугерира дека можеби е дел од поголем проект за брендот во метаверзумот.

Шамарот на Will Smith си „рока“ по бренд стратегиите

Ако не ви беше доста 24/7 4 дена по ред да бидете бомбардирани од оваа вест, еве уште малку.

Иако Will Smith отспа и сфати дека треба да се извини за својата постапка, „Шамарот“ си стапи на сцена и стана сензација на социјалните мрежи придружена со стрипови, мемиња, реакции на познатите личности, осуди, како и маркетинг кампањи. Ок, сме виделе многу моментални трендови искористени од страна на брендовите да ги истуркаат своите пораки. АМА, дали баш шамар е соодветен тренд на кој треба да се закачат брендовите? Видовме мемња кои беа хумористични (иако и тоа е дискутабилно колку е соодветно), но видовме. Брендови со цели маркетинг кампањи околу шамарот. За мене, тотално несоодветно и неморално. Да искористиш шамар во функција на промовирање попуст, производ сл. е тотално промашена проценка од страна на брендовите.

Сепак помеѓу сите овие несоодветни брендовски кампањи и мемиња, имаше и такви кои го искористија моментот за да кренат свест кон кауза. Многу невладини организации го искористија моментот за да создадат свест околу алопеција, додека други за долгогодишната борба за заштита на правата на Афроамериканките. Има и такви кои гласно говореа за нападите и насилството.

Twitter со нови интерактивни реклами

Три нови формати на реклами стигаат на Twitter. За огласувачите, изгледаат многу импресивно, но за корисниците фидот станува покомерцијален, што може да наиде на одбивност. Твитер вели дека новите формати ќе донесат повеже придобивки за брендовите и за потрошувачите, но за твтерџиите е дискутабилно.

Ако зборуваме за нашиве твитерџии, тие нема да бидат воодушевени од потегов, во најмала рака ќе ги игнорираат рекламите. Но, како и со сите други платформи така и со оваа ќе си легнеме на брашното и ќе се навикнеме, па може да биде мотив за македонските брендови да се вратат на Twitter на голема врата.

Инстаграм со нов фид на цел екран

Истражувачот на апликации, Алесандо Палуци, ликна дека експерименталниот фид на Инстаграм би вклучувал постови, сториња и рилс на цел екран во едно привју.

Сторињата ќе бидат претставени со рамки на дното на екранот, што покажува дека можете да свајпнете налево за да ги видите другите рамки, додека видеата ќе имаат прогрес бар.

Тоа е поинтуитивен и пологичен начин да се претстави содржината на Инстаграм, што исто така ќе се усогласи со трендовите на користење предводени од TikTok. Новиот фид исто така ќе овозможи алгоритамски подобрувања врз основа на вашата реакција на секоја објава, за разлика од тековниот формат кој ги прикажува работите на различни начини и често прикажува повеќе од една објава на екранот истовремено.

Бонус линкови

И како за крај да ве потестам дека е 1 Април и дека нема шанси да завршиме наскоро со преглед во петок. Така што ова е првиот преглед од следните минимум 200 + 🙂

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.