#комкаст 101 – Instagram новини и совети + битката на „соушл”

По пауза од скоро еден месец, се враќаме со нова епизода на #комкаст во која во соло издание се обидувам да отворам неколку различни дискусии. Инспирацијата е актуелнaта битка на социјалните медиуми за пол позиција во иднината, задржување на доминацијата, или воопшто зачувување на својата релевантност. Фокусот, по воведот е на Instagram затоа што премногу нови работи се случуваат таму и некако мислам дека заслужува внимание.

Ги замолив колегите да ги споделат своите искуства со Instagram и да посочат кои работи им се релевантни за поголем успех таму, баш во овој период. Фала на Симона, Давид, Наташа и Тина.

Во епизодата како што веќе најавив ќе слушнете за:

  • Борба на социјалните медиуми
  • Некои од новитетите на Instagram 
  • Совети за објавување на Instagram
  • Стратегијата која стои зад вашиот Instagram настап
  • Кое време треба да објавувате

Во епизодата неколку пати повикувам да споделите искуство…. па еве и тука да повторам. Пишете ми ги вашите совети за успешност на Instagram, што вас ви поминува што не ви поминува периодов?

Слушајте нè на:
Spotify: https://spoti.fi/3oHztZ4
Deezer: http://bit.ly/3qZZX87
iTunes: https://apple.co/31TUeXw
Google Podcasts: https://bit.ly/3kEqkxK
Anchor.fm: https://anchor.fm/komkast

Слушнете го аудиото од оваа епизода тука:

Или погледнете го видео записот:

Се разбира може да се „сабскрајбнете” на YouTube каналот: https://bit.ly/3oGjbQ7

close

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.