Пукна сонце и фокусот не е во редовните обврски кои во петок изутрина треба да се завршат, особено кога има човек и многу други обврски кои баш во петок треба да ги заврши. Го утнав малку тајмингот на прегледов, ама затоа ќе биде воглавно посветен на одличната конференција која минатиов викенд се случуваше во Бања Лука.
Konverzija.org – впечатоци на претходен говорник
Со нетрпение го дочекав настанот затоа што означуваше почеток на сезона на конференции, во живо!. И особено со нетрпение го дочекав за уште една, сега заедно си другите професионалци да се соочиме со новите услови на работа. Условите кои под влијание на законите за заштита на лични податоци во дигиталниот свет, не приморуваат да ги промениме начините на размислување и планирање.
Метрики кои живот значат
Иако го отвори вториот ден, сепак за мене предавањето на Зорин од Ескејп беше еден од најважните моменти на целиот настан. Бројките на кои секогаш и требаше да се фокусираме сега не само што остануваат најрелевантните туку и единствените кои се реални и комплетни. Да, мисалм за бизнис метриките, продажба, вкупен трошок, раст итн. Овие бројки не се во Google Analytics, овие бројки не се ни на Facebook или Instagram Insights, овие бројки се во софтверот за бизнис аналитика, во вашите SAP-ови, ERP-a и сл.
Сега, Google Analytics, Google Ads и другите CRM алатки ќе ни даваат само дел од сликата, дел кој ќе треба да се научиме да го гледаме само како насока за да одгатнеме што точно се случува на нашиот сајт или апликација. Дел од податоци на основа на кои алатките ќе треба да направат статистички модел кој ќе ни каже која наша активност вродува со плод, која не, и никако нема да може со сигурност да потврди историски што конкретно било добро што помалку добро сработено.
Не е толку лоша оваа промена, ама за малите пазари со мал број податоци и скромни ресурси за вложување во друг тип алатки за обработка на податоци ова значи и сериозно поголем предизвик за работа.
Facebook таргетирањето е мртво
Уште едно погребување, овој пат од страна на Иван Билди кој ја затвори конференцијата со збогување на напредното таргетирање во Facebook светот. Фокусот, како и до сега, треба да е на креативите кои не треба да бидат идеално испеглани, туку попридорни за да може да бидат полесно прифатени од самата публика. Фокусот мора да биде подалеку од напорите да ја пронајдете вашата совршена публика. Тоа ќе треба да му го оставите на Facebook, вие е доволно само да му кажете во кои рамки да се движи и што сакате да постигнете. Да, знам не е ново ова, ама некако повеќе боли кога групно во преполна сала сите заедно (не не бевме гушнати) ги прифаќте новините кои се веќе секојдневие.
Никогаш не лажи
И покрај тоа што имаше повеќе одлични предавања кои се фокусираа на YouTube, SEO, вебинари, B2B и малку дропшипинг наградата за најдоборо предавање ја понесе нашиот драг пријател и говоринк од AllWeb – Иван Миниќ.
Неговата приказна навистина беше уникатна а зборуваше баш за приказните кои треба да ги раскажуваат брендовите. Човекот само ја потврди презентацијата на Недим пд претходниот ден кој зборуваше за важноста на емоциите во маркетинг комуникацијата. И навистина е така, за да импресионирате, мора да бидете автентични, да не лажете и да го раскажете она што најдобро го знаете.
За крај…
Konverzija.org беше одлична, можеби за нијанса повеќе фокусирана на стратегија отколку на длабоко навлегување во темите, а можеби и мене така ми се причини затоа што дел од темите веќе и не можам да ги следам детално, како на пример Google Ads. Како и да е, и понатаму останува една од омилените конференции на мојата листа.
Има бонус линкови… не ги заборавивме нив…
Бонус линкови
- Ukraine uses facial recognition software to identify Russian soldiers killed in combat
- NE BAŠ JEDNOSTAVAN, ALI VEOMA DOBAR ČOVEK – Иван Миниќ
- LinkedIn – Creator update: New and improved tools now available
- Stripe, poznati alat za procesiranje online plaćanja, konačno dostupan u Hrvatskoj!
Убав викенд!