Ајде и еден празничен #ПрегледВоПеток, одамна сме немале. Може не ви се чита баш денес нешто посебно ама интересно е, ветувам….
Дали му паѓа круната на Netflix?
Во првиот квартал од годинава Netflix пријави загуба од 200.000 претплатници, а очекува дека уште 2 милиони корисници ќе го напуштат стриминг сервисот. Неколку фактор се одговорни за оваа загуба. Повеќе конкуренти, помалку содржина и делење на лозинки помеѓу корисниците.
Бројот на конкурентите и не претставуваат толку голем проблем, бидејќи сè уште го има најголемот удел на пазарот барем во САД. Поголем проблем е што конкурентите кои во минатото немаа проблем со Netflix да ги емитува нивните стари продукциски шоуа и филмови, сега си ги повлекоа да се емитуваат само на нивните стриминг сервиси, што ја осиромашува понудата на Netflix. Исто така корснците дебатираат дека една од причините за загубата на корисници е што Nteflix ја зголеми цената во два наврати за помалку од една година.
Дополнителен проблем со загуба на корсници од корисничка гледна точка е што планира да воведе планови кои вклучуваат реклами, иако до сега од фирмата строго се противеа на оваа можност и велеа дека немаат потреба од ваков потег. Според најавата овие планови ќе чнат помалку од сегашните без реклами и од таму веруваат дека ќе им донесат нови корисници кои не се толку сензитивни на реклами и сакаат да платат помалку. Уште ако планира и да го ограничи споделувањето на лозинки помеѓу кориснците, може да речеме дека ќе гледаме уште многу загуби на корисници во блиска иднина.
Дали Edit на Twitter конечно ќе пристигне?
Ви текнува на ова?
Изгледа дека не му било само една од неговите игри на Twitter и многу веројатно дека ќе види бел ден наскоро. Twitter потврди дека навистина работи на edit копче за твитови.
Ќе биде интересно да се гледа што ќе се случи на Twitter кога ќе започне тестот. Има доста спротистваени мислења помеѓу корисниците. Некои од повлијателните корисници на Твитер со години бараат вакво копче, додека кај други постојат сериозни сомневања дека на овој начин ќе бидат уште потешко да се справуваме со дезинформациите и вознемирувањето.
Јас мислам дека edit копче не е за нашава Twitter заедница. Кај нас едиснтвено треба да се воведе правото на корстење на Twitter да им се одземе на некои (или повеќето) корисници доживотно, а не да им се даде оружје во рака со кое ќе може да манипулираат за некои ставови кои без размислување ги пласирале на мрежава :).
Дали хаштаг на Instagram навистина го зголемува досегот на постот?
Во едно од неговите неодамнешни сториња на Instagram, Adam Mosseri, Instagram CEO одговори на прашање од корисник за тоа дали хаштаговите помагаат за прегледи.
Неговиот одговор беше „Не баш“.
Аргументот зад неговиот одговор беше дека хаштаговите на Инстаграм им помагаат на корисниците да разберат за што е објавата, но тоа не е нужно стратегија за поголем досег. Вистинскиот фокус е на категоризација на содржината за подобро поврзување на корисниците со она што го бараат.
Оваа нова информација, особено кога доаѓа од шефот на Instagram, ја менува целата сцена на социјалните мрежи, бидејќи експертите за социјалните медиуми сакаат да знаат како функционира платформата и како можат да допрат до повеќе луѓе.
Тимот на Socialinsider неодамна анализираше над 75 милиони објави на Instagram објавени помеѓу март 2021 и март 2022 година, за да види што велат податоците за врската помеѓу хаштаговите на Инстаграм и прегледите на постовите. Главните заклучоци од анализата се следниве:
- Хаштаговите на Инстаграм не помагаат при досегот на постови.
- Големите профили треба да користат три до четири хаштагови за да добијат повеќе импресии на постот.
- Профилите со средна големина добиваат повеќе импресии ако користат повеќе од пет хаштагови.
Целосната анализа покажува дека бројот на хаштагови што ги користите на Instagram не влијае на досегот на постовите, но сепак користењето хаштагови како дел од вашата стратегија на Instagram е сè уште важно, бидејќи тие помагаат за полесно пронаоѓање на вашите постови од корисници кои не ве следат.
Бонус линкови
- Instagram Will Enable All Users to Tag Products in Feed Posts
- Spotify continues testing a TikTok-like discovery feed
- Obama says social media is ‘well designed’ to destroy democracies
- Instagram under fire over sexualised child images
- Google Analytics 4 FAQs: Stay Calm & Keep Tracking
Јас отидов да купам бои за јајца затоа што немам ниедна слика со јајца ко права домаќинка. А вие уживајте во празниците.