179 #ПрегледВоПеток – Krash, Facebook, Amazon

Петок било денес а? Бурнава недела ја завршуваме како што е ред со #ПрегледВоПеток.

Сите зборуваат за Домачица

Несомнено дека тема на неделата е новиот подвиг на Краш со новата кампања за својот производ Домачица, што повлече и нова амбалжа. На големо се зборува и кај нас моментот што производот што со децении го носи зборот што асоцира на класична жена од 50-тите, го поврзаа со она што за нив претставува модерна жена. Жена професионалец која има своја кариера како правник, менаџер, програмер итн.

Како што официјално објаснија од компанијата, позадината на кампањата и пораката што сакаат да ја искомуницираат е кревање на свеста дека во (балканските) семејства постои оној дисбаланс на поделба на домашните обврски. И сѐ е ова океј ако наместо Домачица и Програмерица стоеше на пример Домачица и Домачин (саааамо како пример).

Интернетот не би бил тоа што е ако луѓето не си го кажат мислењето моментално, па очекувани беа и реакциите од типот дека се откажуваат од брендот, дека сето ова звучи премногу сексистички и дека како општество не сме мрднале од нула.

Кое е вашето мислење?

Facebook во нова мешаница

Пред повеќе од една година, Facebook и Google одбија да им даваат дел од приходот на контент креаторите во Австралија како што се информативните портали. Поради ова, тие на територијата на Австралија ја забранија сета дистрибуција од информативните портали на својата платформа.

Аааааамаааа, изгледа малку претерале со алгоритмот и не само што ги банирале сите вести и информативни содржини, туку ја прекинале дистрибуцијата и на сета содржина од непрофитни организации, здравствени и противпожарни институции како и центри за помош на жртви од семејно насилство. WSJ откриваат дека Facebook има блокирано повеќе од 17 000 страници што немаат никаква врска со забраната.

The documents in question clearly show that we intended to exempt Australian government Pages from restrictions in an effort to minimize the impact of this misguided and harmful legislation. When we were unable to do so as intended due to a technical error, we apologized and worked to correct it. Any suggestion to the contrary is categorically and obviously false.

Facebook spokesperson Gina Murphy

Amazon и IMDB со решение за нерешетилните филмомани

Колку пати ви се има случено да заспиете додека скролате на Netflix? Или да пуштите серија што ви е веќе изгледана 375969 пати наместо да побарате некоја нова содржина за гледање?

Amazon се охрабрија да го гејмифицираат овој процес и тоа во соработка со IMDB. За подобрување на корисничкото искуство на корисниците на Fire TV, Amazon смислија игри што одлучуваат “наместо тебе“ што е она што ќе го гледаш.

Моментално се лансирани само 3 игри во кои едната ти се делат “карти“ и добиваш избор од 3 предлог содржини за гледање од кои треба да избереш. Во друга собираш печати со тоа што ќе оценуваш филмови на IMDB а во третата пак станува збор за класичен Buzzfeed квиз. Платформата ти поставува прашања поврзани со тоа какви преференци имаш за жанр, дејствие, актерска екипа и слично и врз основа на одговорите ги дава своите резултати.

Не дека не можеш и на ова да заглавиш и да ги повторуваш игрите одново и одново, но барем ќе се случува нешто 🙂

Бонус линкови

Без препорака неделава за филм, убаво е времето надвор. Уживајте!

Бај.

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.