180 #ПрегледВоПеток – MK NFT, GOOGLE I/O, ADOBE, Snapchat Crying

Овој ќе биде најбрзинскиот #ПрегледВоПеток, зошто мора да искористиме денов за повторување ора, спремање и тресење свадбарки за на Џаџе свадбата. Ич не ни мислев да ви пишувам, ама па како ќе се пофалам дека вечер имаме свадба голема, а? Во очекување на зете мили зете, черешна се од корен корнеше и слично да шкртнам за настаните изминатава недела.

Прва македонска NFT изложба

Измнатиов период и нашите македонски уметници беа вредни на тема NFT и креираа свои дела. Нешто од нив ѕрнавме на социјалните медиуми, а комплетните колекции беа претставени на изложба во организација на Филип Морис ТКП како дел од промоцијата на нивниот нов електронски уред, IQOS 3 Duo. Македонската публика имаше можност да се запознае со новата дигитална уметност на македонските NFT уметници Darko R, Ива Станковска, Female Punx, Сара Станоеска, и да ја обележи и Македонија на мапата на NFT трендот кој со забрзано темпо го освојува светот.

Последната Google I/O презентација is all about hardware

Во поголемиот дел од своето постоење, Google се препознава како софтвер компанија. Но, во последната Google I/O може да се препознае дека Google навистина сака да да биде позната и како хардверска компанија. За волја на вистината, Google со години го гради своето хардверско портфолио, но уредите кои до сега се претставени се производи на кои се сеќаваме (или не) оставени во минатото.

Потоа, го објави Pixel 6 и го откри својот внатрешен процесор, Google Tensor, од тука можеше да се сфати посерозно. На последната Google I/O објави дури шест нови уреди. Прочитајте си за сите посебно на Pixel Watch, Pixel Buds Pro, and more: All the hardware announced at Google I/O

Нов Creative Cloud Express на Adobe

Adobe воведува нови функции во Creative Cloud Express за планирање и објавување постови на социјалните мрежи, за да се олесни планирањето, закажувањето, прегледувањето и објавувањето на содржината на социјалните медиуми низ платформите. Компанијата го лансира и „Content Scheduler“ во Adobe Express premium, сo кој корисниците можат да објавуваат неограничен број објави преку еден календар.

Скоро сите функции кои ви паднале на ум и ви затребале Adobe велат дека ги имплементрале во новиот Creatve Cloud Express, па треба да се проба и да се искуси колку им врши работа на маркетерите.

Најновиот вирален AR ефект на Snapchat

Ќе ви го оставам само ова тука

Ужасно многу се смеам, ама Snapchat може да ми се врати у дневна рутина само заради ваквите ефекти. Овој ефект, наречен едноставно „Плачење“, ве прави плачковци, без разлика како се обидувате да го искривите лицето за да го избегнете.

Веројатно веќе сте виделе видеа објавени со ефектот насекаде од Snap на TikTok, Instagram, Twitter… Всушност, од лансирањето минатата недела, ефектот е искористен од повеќе од 180 милиони Snapchat корусници вкупно, неверојатни 1,3 милијарди пати.

Искрено, кога последен пат која било апликација освен Snapchat направи AR ефект кој стана вирален?

Јок, не збориме денес за Евровизија, на свадбарско сум пуштена на најјако.

Бонус линкови

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.