#комкаст 103 – Алгоритми и општество со Игор Трајковски од time.mk

Има теми на кои едноставно уживам да зборувам, дискутирам, да се надградуваме и да бидам предизвикан со моите ставови. Улогата на алгоритми е една од тие теми. Сум спремал презентации, сум пишувал текстови и на периоди многу читам на темата алгоритми и нивната улога во општеството. Токму на оваа тема или овие теми во 103 издание на #комкаст разговарам со Игор Трајковски, умот кој стои за time.mk

Улогата на алгоритмите во денешниот дигитален свет е навистина многу важна и тука не мислам на алгоритмите на социјалните мрежи туку на бројни други примени кои директно имаат влијание на судбините на милиони луѓе ширум светот. Токму за развојот на овие системи и за предизвиците со кои се соочуваат денес дискутираме во оваа епизода. Јас навистина уживав, се надевам ќе уживаш и ти.

Слушајте #комкаст на:
Spotify: https://spoti.fi/3oHztZ4
Deezer: http://bit.ly/3qZZX87
iTunes: https://apple.co/31TUeXw
Google Podcasts: https://bit.ly/3kEqkxK
Anchor.fm: https://anchor.fm/komkast

Слушнете го аудиото од оваа епизода тука:

Или погледнете го видео записот:

Се разбира може да се „сабскрајбнете” на YouTube каналот: https://bit.ly/3oGjbQ7

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.

2 Comments #комкаст 103 – Алгоритми и општество со Игор Трајковски од time.mk

  1. Мирослав Илиќ 17/05/2021 at 13:01

    На коментарот на Игор дека луѓето ја посетуваат time.mk и дека ништо не прават не кликаат…тоа е затоа што нема интересни содржини на кои би кликале, само скроламе и чекаме нешто интересно 😉

  2. Зоран 26/05/2021 at 12:10

    Интересна тема, современа и важна заради актуелноста на алгоритмите, опасноста од „информациски меури“ и влијанието врз корисниците при нивното примање вести или забава.

    За кликањето наспроти листањето на Time.mk, моето искуство е дека мене ми е доволно да ги прелистам насловите на вестите, и САМО ако ме заинтересира конкретна вест, да кликнам на неа за да прочитам повеќе. А многу, многу ретко ми треба да „прочачкам“ повеќе, затоа што во принцип не дозволувам дневно-политичко-општествените настани да ми го диктираат времето и дискурсот, па затоа и свесно бегам од темелно пратење на истите.

Comments are closed.