181 #ПрегледВоПеток – Самоглас подкасти, YouTube, TikTok

Неделава нешто слабо со новини и интересни линкови… Slack каналот каде собираме линкови во текот на неделaта имаше само 3 работи… еве сега прегледувам да не сум пропуштил нешто интересно, важно, ама не ми фати око ништо посебно…

Се размазивме изгледа изминатите недели исполнети со настани, Елон Маск и сл. Како и да е, повторно во некојa скратена верзија, еве ги линковите за денес.

Снимете подкаст и објавете го на Самоглас

Самоглас е првата платформа за аудио книги на македонски јазик. Тимот за овој сервис дошол до идеја да овозможи логистичка и техничка поддршка во креирање на нов подкаст.

Ова стои во повикот: Подкастот треба да биде нов, оригинален и да промовира млади културни дејци. Подкастот треба да претставува серијал од минимум шест епизоди во времетрање од минимум триесет минути по епизода. Приоритет ќе им биде даден на автори/авторки кои работат на локалната независна културна сцена и кои се невработени т.е. не се во постојан работен однос со јавна институција од областа на културата.

Сите детали и можноста за апликација се достапни тука: Подкасти на Самоглас! Ќе видите таму се спомнува и жири. Кхм кхм, епа јас сум еден од членовите… (не го кажувам ова за фаќање врски)

YouTube повторно го копира Twitch

Одамна се навикнавме да гледаме функционалности кои ги има еден сервис како се клонираат на друг сервис. Во последната епизода YouTube тестира можност со која по урек на можностите кои ги нуди Twitch може некому да подарите претплата. На овој начин може да искажете уште поголема поддршка на вашиот омилен YouTube канал, но и да израдувате некој близок со претплата. Секако претплатата ќе му овозможи на користникот екстра содржина и функционалности.

Оваа функционалност е во бета верзија и не е достапна преку мобилната апликација. YouTube си зима скромни 30% од трансакцијата… чиста работа.

Наскоро ќе може да играте игри и на TikTok

Не е баш неочекувано или нелогично, TikTok тестира можност да играте игри внатре во апликацијата. Игрa налик на FarmVille веќе е достапна за некои корисници. Тајната, односно причината за ваквата можност е секако заработка. Овие игрни кои се во план да бидат достапни имаат за цел да ги зголемат можностите за прикажување реклами во рамките на самата аппликација.

Кинеската верзија на TikTok, Douyin одамна има игри, а слични екскурзии прават и Facebook и Netflix. Зошто да не проба и TikTok.

Бонус линкови

Убав викенд, уживајте на сонце!

close

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.