Иако со времево надвор имаш чувство дека секој ден ти е петок, денес стварно е, затоа што денес имаме #ПрегледВоПеток
Елон Маск во проблем со новите другари од Twitter
Веста дека Елон Маск го убеди Twitter да се продаде, беше несомнено една од поважните случки во годината. Драмата околу целиот процес не изоставуваше и од самиот старт приказната доби уште поголемо внимание баш поради однесувањето на Маск. Откако во јавност излезе идејата дека тој пуштил понуда за купување на компанијата, се раширија разни (не)проверени факти околу тоа колку навистина вреди Twitter. Во еден момент од компанијата имаа реакција дека понудените $54,20 по акција се далеку под пазарната вредност на платформата, а веќе во друг $44 билиони беа и повеќе од добредојдени за Twitter да се смести во империјата на Маск.
Кога настана вистинската драма? За време на целиот процес, преговори и комуникација со јавноста, Маск постојано твиташе за тоа дали оваа опција за купување на Twitter е дефинитивна и конечна. Натегањата од двете страни беа ставени на послужавник за јавноста затоа што Маск не ја пропушташе можноста да ја пренесе секоја негова недоумица за купувањето на компанијата јавно.
Она што следуваше како резултат беше – паѓање на акциите на Twitter на берзата. Сега акциите на платформата се намалени дури на $40. И нормално, ова ги прави дечките од Twitter мнооогу бесни.
Група стејкхолдери му подготвија тужба на технолошкиот гуру затоа што тие сметаат дека тој со неговото однесување намерно ја спуштил вредноста на акциите на Twitter со цел да добие подобра понуда од веќе договорената во Април или да има оправдана причина за повлекување.
Со моменталната вредност на акциите на Twitter, Маск и ќе ги претплати со своите $44 билиони. Развивањето на драмата сигурно ќе го прочитате во следниот преглед.
Pepsi се повлекува од Super Bowl
Паузата во финалето на Super Bowl со години е најгледаниот TV музички спектакл во САД. Како генерални спонзори на овој настан, Pepsi поддржа 26 музички настапи на музичари добитници на повеќе од 160 греми награди и потпишуваат илјадници хитови.
Но, од компанијата изјавија дека повеќе не веруваат во тоа дека музички настап помеѓу спортски натпревар пренесен преку телевизија има смисла ниту иднина. Токму затоа, Pepsi се повлекува од главното место на шоуто на Super Bowl и наместо тоа ќе го промени правецот на својата стратегија. Наместо да троши вртоглави суми на пари на неколку минутно шоу, компанијата се одлучи дека ќе биде онаму каде што се нејзините купувачи – на интернет а не пред телевизор.
NFL изјавија дека нивното шоу сѐ уште е едно од најголемите телевизиски спектакли што привлекува милиони гледачи пред малите екрани и дека значителен број на компании веќе се борат да го заменат местото на Pepsi.
TikTok со нов производ наречен Branded Mission
ТикТок минатата недела објави дека лансира нов производ наречен „Branded Mission“ кој ќе им овозможи на креаторите на содржина да се поврзат со брендовите и евентуално да добиваат награди за видеата. Целта на овој производ е да се искористи максимално потенцијалот на платформата со заедничка корист како за креаторите, така и за брендовите.
Од прилика вака некако би функционирало: Огласувачите/брендовите можат да лансираат брендирани кампањи и да ги охрабруваат креаторите да учествуваат во нив. Брендовите можат да развијат краток бриф и да го испорачаат до заедницата на креатори, охрабрувајќи ги да учествуваат во таканаречените branded missions.
Креаторите потоа можат да одлучат во кои брендирани мисии сакаат да учествуваат. Право на учество би имале креаторите кои имаат најмалку 18 години и бројат најмалку 1.000 следбеници. TikTok вели дека избраните креатори чии видеа се избрани од брендовите „ќе имаат финансиска корист но и зголемен сообраќај на нивните акаунти“. На секоја страница за брендирана мисија, креаторите ќе можат да видат колку пари имаат потенцијал да заработат доколку се избере нивното видео.
За сега овој производ е сѐ уште во бета верзија и е најавен дека ќе биде достапен за широкиот пазар подоцна годинава.
This new form of two-way engagement between brands and creators allows the TikTok community to have a creative hand in the ads that are part of a brand campaign.
TikTok
Бонус линкови
- TikTok Launches New Cyber Safety Tips Initiatives for Internet Safety Month
- Instagram’s Testing a New Stories UI Which Could Have Big Implications for Your Content Strategy
- Jubilarni 10. SoMo Borac ove godine prvi put u Zagrebu
- Instagram’s Working on a Video Reaction Option for Reels
Brace yourself for Season 4 of Stranger Things! Денес е денот! 🙂
Бај.