Иако за некој веќе летото почна со користење на старите одмори, за останатите тоа доправ треба да почне. По се изгледа пред официјалниот почеток, сите се засилија да соопштат и сработат непшто за да бидат порастеретени во топлите летни денови.
Веста за ова недела, за нас, е дека конечно AllWeb се враќа на програмата. По неуспешниот обид минататa година (короната пуста да остане) оваа година во нов формат (не е оналајн и не е хибриден) се враќа на програмата и ветуваме ќе донесе комплетно ново искуство.
Нема да откривам повеќе, сега за сега, само ќе кажам резервирај си ги 29 и 30 септември. Ќе ти биде криво ако не го сториш тоа, ние ќе се погрижиме добро тоа да биде така 😀
Е сега, може да почнеме со прегледот.
Работиш во ИТ секторот?
По првото успешно спореведено истражување во 2019 година, IT.mk решиja да го повторaт истражувањето и да направат еден нов пресек на движењата и интересите во ИТ индустријата во Македонија.
За да го направат тоа, им треба твојата помош преку пополнување на анонимна анкета која ќе ти одземе 5-10 минути! Она што е многу важно е дека истражувањето е АНОНИМНО бидејќи треба да споделите и бројка за нето примања.
Анкетата ќе им помогне да ги дефинират трендовите, технологиите, алатките, навиките, работните позиции, квалификациите, желбите, проблемите и соодветно на тоа примањата според сите тие класификации на пазарот.
TikTok пушти во употреба дигитални аватари
Забрзаното селење во виртуелните светови повлекува и креирање на наши дигитални претставници таму. Голем број компании се обидуваат да влезат во трката на време да се подгототват себе и своите сервиси да земат активно учество таму. Во таа насока TikTok пушти во употреба алатка за креирање на 3Д аватари.
Забавно, ќе видиме дали и ќе биде употребливо.
@effectmasterwannabe Tiktok avatar is now available. Publish your video with your new TikTok avatar! 🤩 #TikTokAvatars ♬ 原声 – Effect Master
Ahrefrs инвестираат во сопствен пребарувач Yep
Компанијата Ahrefs, позната на сите оние кои барем малку се заинтересирале за SEO, инвестира 60 милиони долари свои средства во развој на сопствен интернет пребарувач. Битката да му се земе барем некој процент на Google Search е веројатно една од најтешките на интернет, но пристапот и ветувањата на Ahrefs заслужуваат внимание, а богами и заслужуваат човек да има има надеж дека ќе имаат успех.
Имено концептот на самиот пребараувач во фокус ги става креаторите на содржина и вели дека дури 90% од заработката ќе оди кај сопствениците на содржината која се појавува во самите резултати. Тие велат дека во такво сценарио Wikipedia нема да има потреба да бара донации и ќе може реално да си ги плати сите свои вредни волонтери. Дополнително, велат нема да има лично следење на корисниците и нема да има детално таргетирање.
Делува премногу добро за да биде реално, но ако не се надеваме и поддржуваме вакви иницијативи никогаш нема да ја поместиме доминацијата на Google.
Microsoft Internet Explorer конечно умре!
Ноќна мора за многумина, проблем за поголем дел од веб дивелоперите и дизјанерите… IE беше долго време прелистувач кој не смееше да се спомне затоа што можни беа фатални послдици.
Пред 7 години MS се соочи со фактот дека мора да стави крај на оваа сага и го креираше Edge, но ете ми требаа 7 години за да конечно го повлечат комплетно Internet Explorer. Ајде за многу години нека е, па да не се повтори :D.
Што се случува кога песна ќе стане популарна на TikTоk?
Бонус линкови
- Apple WWDC 2022 keynote in 24 minutes
- Кога AI ќе згреши: Алгоритам наштети на стотици семејства во Холандија
- Instagram created custom fonts called ‘Instagram Sans,’ and some of them are truly wild
- Добредојде Disney+ во Македонија
- How Gen Z Relates to Brands [Infographic]
Убав викенд, уживајте!