185 #ПрегледВоПеток – SomoBorac, Feedlink, Apple

Уште еден #ПрегледВоПеток за скроз петочко расположение.

SomoBorac додава 3 нови категории

Јубилејното 10-то издание на регионалната награда за дигитални дела SoMo Borac, ги “отвори вратите“ за пријавување. За прв пат кандидатите ќе можат да ги достават своите пријави во три нови категории – SoMo Growth, Somo Global и DA – Digital Activation. Годинава настанот за прв пат ќе се одржи во Загреб, каде ќе се соберат најголемите регионални експерти од областа на дигиталниот маркетинг.

Osluškujući kretanja tržišta i nove tržišne trendove, svake se godine prilagođavamo i donosimo novitete. Sretna sam što ćemo s tri nove kategorije dati dodatni prostor za prepoznavanje vrhunskih radova kojih u digitalu nikad ne manjka. Pozivam ovim putem sve da prijave svoje radove u jednoj od deset kategorija, prepuste se u ruke stručnjacima te pokažu klijentima zašto su upravo oni bili najbolji izbor.

Ružica Vrdoljak Ličina

Feedlink – нова алатка за креатори

Дечките од EmbedSocial решиле да работат оваа година 🙂

Ни помалку ни повеќе лансира нова алатка наменета за мали бизниси и креатори, која ќе помогне полесно да креираат уникатно веб присуство со свој .link домен.

Feedlink е овде како решение на потребата од брзо и лесно креирање на личен веб сајт, и “вршење работа“ за помали и поголеми неизбежни и досадни процеси, како што се трошоци за хостинг, SSL сертификат и регистрација на домеин.

Алатката целосно го решава креирањето на веб страна со .link домен.

Истовремено, нуди едноставен едитор за креирање на уникатна веб страна во само неколку чекори без потреба од поседување на технички вештини.

Браво луѓе!

Новите AR/VR слушалки на Apple доаѓаат во Јануари

Долгоочекуваните слушалки на Apple што ќе понудат ново виртуелно искуство доаѓаат во Јануари.

Аналитичарот на Apple – Ming-Chi Kuo, веќе изјави дека ова е

“најкомплицираниот“ производ што Apple некогаш го произведел и дека неговото лансирање ќе допринесе до брз развој во оваа насока од индустријата.

Бројни предвидувања во текот на годините се обидоа да појаснат како всушност слушалките на Apple ќе функционираат. Наводно, ќе работат како самостоен уред и нема да има потреба да се поврзани со компјутер, а можно е да има дури 14 камери за да го следи движењето. Се претпоставува дека ќе има процесор со слична моќност како M1 чиповите користени во Mac производите, иако кога станува збор за напојување, не е јасно дали батеријата ќе биде вградена во самите слушалки или ќе биде екстерна.

Бонус линкови

Бај.

close

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.