186 #ПрегледВоПеток – ЕУ крипто, Reels API, Period Data, BallClubNFT

#ПрегледВоПеток се крчка на најјако на 37 степени во сенка.

Европска регулатива за крипто валутите

ЕУ за прв пат ги става крипто валутите во регулаторна рамка. Оваа регулаторна рамка ќе ги заштити инвеститорите и ќе ја зачува финансиската стабилност, А истовремено ќе дозволи иновации кои ќе ја зголемат атрактивноста на крипто валутите. Некои земји членки на ЕУ веќе имаат национално законодавство за крипто валутите, но досега немаше специфична регулаторна рамка на ниво на ЕУ.

Неодамнешните случувања во овој сектор што брзо се развива ја потврдија итната потреба од регулатива ширум ЕУ. Оваа законодавна рамка подобро ќе ги заштити Европејците кои инвестирале во овие средства и ќе ја спречи злоупотребата на крипто валутите, а истовремено ќе биде пријателски настроена кон иновациите за да ја одржи атрактивноста на ЕУ. Оваа значајна регулатива ќе стави крај на крипто сивата зона и ќе ја потврди улогата на ЕУ како креатор на стандардите за крипто светот.

Bruno Le Maire – француски министер за економија, финансии и индустриски и дигитален суверенитет

Мета го отвори API-то на Instagram Reels за програмерите

Од 28 јуни околу 25% од корисниците на Инстаграм имаат пристап до API-то на Reels. API-то постепено ќе се отвара и за 100% од корисниците до 6 јули.

Програмерите ќе можат да го користат API-то за да закажуваат Reels и да добиваат статистики за интеракциите на истите, исто така можат да ги објавуваат на бизнис профилите на Инстаграм користејќи го новото API. API-то исто така ќе им овозможи да одговараат на коментари, да ги бришат коментарите, да ги кријат/откријат коментарите и да ги оневозможат/овозможат коментарите на Reels. Дополнително, програмерите ќе можат да најдат јавни Reels кои се означени со хаштагови или тагирани со одреден кориснички профил.

Уште еднаш се потврдуваат сите предвидувања дека Reels стануваат топ приоритет за Инстаграм и дека сѐ повеќе ќе бидат формирани водеа з сметка на фотографиите на кои сме навикнати на Инстаграм.

Може ли апликациите за следење на месечниот циклус навистина да се користат против жените

Сите знаеме каква трагедија се случува во САД со забрана на абортусот. Набргу по ваквата одлука, по Twitter, TikTok, Instagram брзо се прошири повик за акција да се избришат сите апликации за следење на циклусот.

Активистите и експертите за приватност на податоците се загрижени за тоа како овие податоци би можеле да се искористат за да се докаже дека некој можеби имал абортус или размислувал да абортира при криминален случај. Апликациите генерално соработувале со криминални истраги во минатото и клучно е луѓето во тие држави да разберат дека мобилниот уред во суштина е уред за следење. Луѓето кои живеат во држава каде што овие податоци се изложени на ризик, но сакаат да продолжат да ги користат овие апликации, треба да бараат апликации со локално складирање податоци и одбивање да се дозволи следење од трета страна. Сепак, очигледно не можеме да предвидиме како идното законодавство ќе влијае на ваквите случаи, така што експертите за безбедност ги советуваат жените дека најбезбедно е да се запре користењето на било каква апликација и дигиталното следење.

Јас имам да додадам само следново (да се прочита цела нишка:

Dreadpen со NFT колекција за фановите на баскет

За крај да си го пофалам и нашиот. Сите NFT фрикови и баскет фанови наскоро ќе имаат нова омилена локација за нова колекција. Зачувајте си го линков подолу и за брзо ќе може да си изберете ново NFT милениче, да ја споделите својата љубов за баскет или да си нарачате си нова маичка

ballclubnft.com

Бонус линкови

Се читаме во следен преглед августовски ко ќе се вратам од одмор.

close

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.