Одиме на планина – Блогоманија ’13

Лани прва, голема, супер забавна, екстра едукативна, одлична!

Годинава повторно, конференција на која ако сте активни во полето на новите (социјалните) медиуми и блогирањето, мора да присуствувате.

Блогоманија ’13 – 28 ноември до 1 декември, и годинава на планина – Копаоник

Конференција која е наменета за сите блогери, медиуми, сите кои произведуваат содржина за на интернет, како и за дигиталните, ПР и маркетинг агенциите.

blogomanija-2013

Енергијата која ја пренесе лани овој настан, како и луѓето кои беа присутни, апсолутно не дава простор воопшто да се мислиме дали и оваа година ќе присуствуваме. Во 2012та се зборуваше како да се започне успешен блог и да се заработува од него и како да се искористи блогот за унапредување на работата во компаниите, а годинава се најавува фокусот да се насочи кон тоа како да се креира квалитетна содржина на блогот.

Ако биде со истото темпо како минатата година, значи спремајте уште од сега скии, купачи, многу позитивно расположение, интерес за многу муабети со нови луѓе и секако очекувајте да ги запознаете своите омилени фаци од блогосферата во регионот – сите ќе бидат таму.

Присуството е бесплатно, а според најавите на Marketing ITD сместувањето ќе се движи околу 66 евра за 3 полупансиони.

Останува да чекаме програма и повеќе детали и да се спремаме за втората по ред најголема собиранка на блогерите од регионот 🙂

За 8 недели и 3 дена, се гледаме на Копаоник!

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.